7 грешки во исхраната што можат да предизвикаат силни главоболки и мигрени - Part 2

7 грешки во исхраната што можат да предизвикаат силни главоболки и мигрени

5. Додатоци во храната

7 грешки во исхраната што можат да предизвикаат силни главоболки и мигрени

Додадените хемикалии во храната обично немаат хранлива вредност и може да влијаат негативно на здравјето. Доколку многу често имате главоболки, обидете се да ги одбегнувате следниве адитиви:

  • Мононатриев глутамат (МНГ – Е621) е адитив што се додава на месото, а се користи и како засилувач на вкусот. Тој е една од главните состојки кај азиската храна, како што соја сосот, обработената храна и зеленчукот во конзерва. Може да предизвика мигрена 20 минути по неговата консумација.
  • Нитратите и нитритите обично се наоѓаат во обработеното месо, како што се виршлите, колбасиците, шунката, куленот, сланината, но и во некои лекови за срце. Кога ги внесувате овие адитиви во телото, крвните садови почнуваат да отекуваат и може да предизвикаат силна главоболка.
  • Аспартам (АПМ) и сукралоза (Е955) се вештачки засладувачи кои може да се најдат во диеталните пијалаци, спортските напивки, производите без шеќер, па дури и во витамините за деца. Ако сте чувствителни на овие адитиви, може да добиете напад на мигрена откако ќе ги консумирате.
  • Црвените и жолтите бои за храна може да се најдат во бонбоните, сладоледот, чипсот, газираните пијалаци, крекерите, џемот и други производи. Тие се направени од петролеј, истата состојка што се користи за да се направи моторно масло, а тоа дефинитивно не е добро за вашето здравје.

6. Кофеин

7 грешки во исхраната што можат да предизвикаат силни главоболки и мигрени

Прекумерната консумација на кофеин може да доведе до главоболка. Токму затоа, треба да ја ограничите консумацијата на кофеин на 200-300 милиграми (2-3 шолји кафе) дневно. Имајте на ум дека кофеинот може да се најде и во производи како што се чоколадо, какао, чај, Кока-кола, па дури и во некои апчиња против болка.

7. Алкохолни пијалаци

7 грешки во исхраната што можат да предизвикаат силни главоболки и мигрени

Повеќето луѓе знаат дека црвеното вино може да предизвика мигрени, но некои истражувања покажале дека и други алкохолни пијалаци, како што се пенливото вино и некои жестоки пијалаци може да предизвикаат силни главоболки. Постојат 2 типа главоболки предизвикани од алкохол. Првиот вид главоболки обично започнуваат по неколку часа (од 30 минути до 3 часа). Другиот тип се одложени главоболки, познати како мамурлак.

Како да ги спречите мигрените?

7 грешки во исхраната што можат да предизвикаат силни главоболки и мигрени

Вашите навики во исхраната играат голема улога кога се работи за вашето здравје. Ако сакате да ги држите под контрола нападите на мигрена, обидете се да ги следите следниве едноставни правила:

  • Пијте доволно течности. Главоболките предизвикани од дехидратација се јавуваат по екстремно потење или поради дијареја или повраќање. Може да се јават заедно со симптоми, како што се вртоглавица, исцрпеност и забрзано срцебиење. Не заборавајте да пиете 8 чаши вода дневно за да може вашето тело да функционира како што треба.
  • Не прескокнувајте оброци. Јадете мали оброци 5-6 пати дневно. Тоа ќе ја спречи појавата на главоболки предизвикани од глад.
  • Земајте витамини и минерали. Недостатокот на магнезиум, железо, бакар, витамините Д, Б2, Б6 и Б12 може да доведат до силни главоболки. За да одржите рамнотежа помеѓу макро и микро елементите во вашето тело, најдобро е да земате додатоци во исхраната.
  • Јадете повеќе овошје, зеленчук и мешункаст зеленчук. Тие содржат природни естрогени кои ги неутрализираат негативните ефекти што ги предизвикува естрогенот во вашето тело. Овие производи се особено корисни за жените кои страдаат од мигрени за време на нивната менструација.

Имате чести мигрени? Прочитајте ги и следниве 5 најчесто занемарени причини за појава на мигрените.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар