7 големи грешки кои не треба да ги повторите оваа година

7 големи грешки кои не треба да ги повторите оваа година

Додека светот се врти, вие неизбежно ќе грешите. И тоа е во ред. Од грешките кои ги правите можете многу да научите и токму овие лекции ќе ви помогнат да имате подобра и поубава иднина.

7 големи грешки кои не треба да ги правите оваа година: Прво елиминирајте ги и потоа ослободете се!

Следуваат 7 грешки кои (веројатно) ги направивте изминатава година и зошто не треба да ги повторите…

1. Немојте да го избегнувате ризикот

Животот е ризична работа. Секоја одлука, секоја интеракција, секој чекор, секој пат кога наутро станувате од креветот вие всушност ризикувате. Да живеете вистински значи да го преземате тој ризик. Преземајте мали ризици за да го остварите вистинскиот потенцијал на вашиот живот.

2. Не препуштајте се на стравовите и негативностите

Сите понекогаш се плашат. Ако чувствувате сомнеж, страв и бес имајте во предвид дека од овие емоции можете многу лесно да се ослободите. Фокусирајте се на добротата, можноста и соништата во животот. Она што започнува во вашите мисли завршува во вашиот живот. Континуирано размислувајте за патот на кој сакате да бидете и тие мисли нека влијаат на вашите постапки и одеднаш реалноста брзо ќе се вклопи со вашите мисли.

3. Не дозволувајте неизвесноста да ве парализира

Како што поминува времето така и ќе сфатите дека тоа што трае, си трае, додека тоа што не трае, едноставно нема да трае. Времето ги решава повеќето работи, а она што времето не може да го реши ќе научите да го решите сами. Понекогаш нема да можете јасно да видите каде ве води животот. Но, срцето и душата ви се вашите внатрешни компаси кои ќе ви го покажат патот кон дома. Ќе сфатите дека сте вистинската личност, на вистинското место, во вистинското време која ја прави вистинската работа. Верувајте им на вашите инстинкти. Опуштете се. Знаете што треба да направите.

4. Не правете го она што другите сакаат да го прават

Животот е премногу краток за да го поминувате обидувајќи се на сите да им угодите. Освен тоа, ова е невозможна мисија. Вистинските избори се однесуваат на вас, вашите емоции и вашиот живот. Вие сте единствената личност која знае што е најдобро за вас. Секогаш прво слушајте се себеси и она што вие го сакате. Сигурно нема да се покаете.

5. Не дозволувајте истите луѓе постојано да ви ја црпат енергијата

Луѓето или ве инспирираат или ви ја црпат енергијата, па мудро избирајте со кого ќе се дружите. Немојте да го губите достоинството и самопочитта обидувајќи се да најдете некој да ве прифати, да ве цени и да ве сака, ако таа личност докажала дека не е во состојба да направи нешто вакво. Ако ви е нешто судено во животот и понатаму ќе мора да се трудите околу тоа, но сигурно нема да морате да молите.

6. Немојте да имате нереални очекувања

Секогаш постојат два начини кои можат да ви помогнат да бидете посреќна личност: Подобрување на реалноста и намалување на очекувањата. Често мислиме дека светот е посјајно, позначајно и позанимливо место отколку што е. Кога сфаќаме дека не е, почнуваме да ја бараме вистинската работа. Но, всушност, ова е вистинскиот свет и тој е едно прекрасно место. Себеси сме си најголемиот непријател ако очекуваме поинаку. Ако можете да научите да престанете да го очекувате невозможното совршенство во себе, во другите и во светот кој ве опкружува, ќе можете да ја најдете среќата која отсекогаш ви бегала.

7. Немојте да ја заборавате убавината на малите моменти

Што и да очекувате – душевен мир, задоволство, внатрешен свет во изобилие, тоа сигурно и ќе дојде, но само тогаш кога сте спремни тоа да го примите со отворено срце и благодарност. Бидете благодарни на малите работи колку што е можно повеќе, а не само на големите. Секој момент е важен и секој момент се смета.

Не сте вистински слободни сè додека не си дадете себеси слобода да грешите. Ослободете се! Пробајте нови работи, учете и истражувајте. Здравиот начин на проценување потекнува од животното искуство, а животното искуство потекнува од вашите лоши одлуки кои сте ги донеле во минатото. Мора да имате доволно храброст за да погрешите. Разочарувањето и поразот се алатки кои животот ги користи за да ви го покаже вистинскиот пат.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Новинар. Самопрогласен актер. Џедај. Животна форма еволуирана да живее од филмови, видеоигри, музика, хумор и технологија. Хоби и рекреација: Појадок, ручек, вечера.

Поврзани содржини

Остави коментар