7 фризури со кои ќе заблескате оваа есен

7 фризури со кои ќе заблескате оваа есен

Кога станува збор за косата, во наредниот период нè очекуваат некои нови, интересни трендови. Фризерката Мишел Кливленд открива седум начини како да добиете совршена есенска фризура.

Брановиден боб

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kryss DeSandre (@kryssdesandre)

Ако имате виткана коса, сега е вистинското време да блеснете. Боб фризурата се враќа во мода без оглед на видот на косата. Без разлика дали косата е целосно исправена или извртена, оваа фризура ќе биде добар избор. Ако сакате спирални кадрици, направете ги со помош на фигаро, а потоа лесно протресете ги за да изгледаат природно. Ако вашата коса е природно виткана, спијте со плетенки за да имате убави бранови следното утро.

Бакарни прамени

 

View this post on Instagram

 

A post shared by HAIR HUNTERS (@melbournehairhunters)

Усогласете ја косата со бојата на лисјата и испробајте елегантни бакарни тонови кои одговараат на секој тен на кожата.

Храбра црно-црвена комбинација

 

View this post on Instagram

 

A post shared by DUA LIPA (@dualipa)

Оваа двобојна комбинација ќе му даде мистичен допир на вашиот есенски стил. Црвената боја постепено преминува во црна давајќи ѝ нова димензија на целата фризура. Едно е сигурно – оваа фризура нема да помине незабележано.

Врамено лице

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Brittany Xavier (@brittanyxavier)

Ова е лесен начин да експериментирате со боите без да претерате. Можете да ги истакнете прамените со елегантна боб фризура или да ги скриете со врзување на косата во коњско опавче.

Остри агли

Консултирајте се со вашиот фризер за тоа што ѝ одговара на формата на вашето лице. Без разлика дали косата е права или природно виткана, истакнете ја со остри линии.

Романтични нијанси

Некаде помеѓу бакарната и црвената боја, се наоѓа нежната и женствена нијанса на розово злато. Оваа нијанса се вклопува во есенската средина, а во исто време е и попривлечна од стандардните кафеави и црвени бои.

Прамени во боја на мед

Како да ја освежите фризурата? Пробајте со прамени во боја на мед. Тоа е лесен начин да си поиграте со боите без да ризикувате.

Погледнете ги овие луксузни шноли за коса во кои ќе се вљубите.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар