7 фрази кои треба да ги слушне секое дете (особено ако е проблематично)

7 фрази кои треба да ги слушне секое дете (особено ако е проблематично)

Не е лесно да добиете подолг одговор кога го прашувате вашето дете како го поминало денот. Па, како да се поврзете со некој што не ви кажува повеќе од неколку зборови? Постојат некои фрази кои ќе му помогнат на вашето дете да разбере дека се грижите за него. Евентуално, тоа ќе почне да разговара со вас без да му поставувате безброј прашања. Погледнете за кои фрази станува збор.

7-frazi-koi-treba-da-gi-slushne-sekoe-dete-osoebno-ako-e-problematichno-kafepauza.mk

1. Не знам

Дозволете си да бидете ранливи пред своите деца. Како и во секоја врска, ако сакате некој да биде искрен со вас, морате и вие да бидете искрени. И да бидеме реални, иако сте родител, понекогаш ги немате сите одговори. Кога не го знаете одговорот на нешто, признајте. Изградете ја врската со детето на искреност и тоа ќе се чувствува поудобно да ги сподели и неговите слабости.

2. Ајде заедно да го најдеме одговорот/решението

Проследете го вашето „Не знам“ со оваа фраза и веднаш ќе станете тим. Не можете да ги решите сите проблеми, но можете заедно да работите на нив.

3. Кажи ми повеќе

Научете да бидете подобар слушател. Замолчете во правилното време и ќе откриете што се врти низ главата на вашето дете.

4. Да, ајде сега да размислиме што значи ова за тебе и за другите околу тебе

Вашето дете веројатно ќе поставува прашања од љубопитност или за да добие реакција. Прво кажете „Да“ за да му покажете дека го цените она што го кажало, а потоа разгледајте ги можните последици заедно.

5. Навистина вредиш

Укажете му на детето дека сте свесни и за добрите работи кои ги прави. Тие работи се овде, иако можеби не изгледа очигледно. Препознавањето на добрите постапки е како награда за доброто однесување.

6. Те сакам

Дали го кажувате ова секој ден? Децата (и возрасните) имаат потреба да го слушаат ова секој ден. Ако не е кажано вербално и покажано преку вашето однесување, детето може да заборави дека го сакате.

7. Те сакам, но еве какво влијание имаше твојот избор на мене

Без разлика на неговите избори, вашето дете треба да знае дека го сакате. Но ова не значи дека не треба да го дисциплинирате. Ниту едно дете не прави само лоши или добри работи. Кажете му кога направило добар избор и прашајте го што го натерало да направи нешто лошо.

Овие работи можеби ви изгледаат мало, но тие секојдневно ја зацврстуваат врската помеѓу вас и вашето дете.

Дознајте и како да бидете позитивен пример за вашите деца.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар