7 финти со кои можете да ги манипулирате луѓето
Многу од работите кои ги искусуваме во интеракцијата со другите луѓе се резултат на чиста психологија. Изнудете ги реакциите кои сакате да ги добиете благодарение на овие 7 јаки финти.
1. Секогаш кога некој ви е лут и ви се спротивставува, застанете до него, наместо пред него. Така нема да му изгледате како закана, и тој неизбежно ќе се смири.
2. Почнете со „ми треба помош“ кога барате услуга од некого. Луѓето не сакаат да имаат грижа на совест, па тоа многу ќе ви ги зголеми шансите да ја добиете услугата.
3. Парафразирајте го тоа што ви го зборува другиот и повторете му го истото. Ова прави соговорникот да се чувствува дека вистински сте го слушале и дека сте многу заинтересирани за тоа што го зборувал. Поради ова, тој ќе се чувствува докажано и важно. Но, не претерувајте. Во спротивно може да зазвучите како папагал.
4. Ако сакате некој да се сложи со вас, климнувајте со главата додека му зборувате. Ова го предизвикува соговорникот и тој да климнува со главата, и на тој начин потсвесно да мисли дека се сложува со вас.
5. Ако некому не му се допаѓате, побарајте му пенкало на заем. Ова е сосема мала услуга која луѓето не можат да ја одбијат, а самиот контакт прави да им се допаѓате повеќе.
6. Прекрстете ги рацете за да видите дали другиот е заинтересиран за вас. Кога некој ве посматра, тој добива тенденција и да ве имитира. Прекрстете ги рацете и видете дали и тој ќе го стори истото.
7. Повторувајте го името на личноста со која зборувате повеќе пати во текот на разговорот. Ова ќе ви помогне да го запомните нејзиното име и да ѝ се допаѓате повеќе.