7 ефективни начини да преземете контрола над вашиот живот

7 ефективни начини да преземете контрола над вашиот живот

Живеењето во свет кој постојано се менува и каде што можете да станете сè може да биде навистина стресно. Понекогаш ќе го изгубите вашиот пат поради премногу опции кои се пред вас. Реалноста е дека заборавате колку едноставни можат да бидат работите. Ако се чувствувате дека сте изгубиле дел од вас, без разлика дали тоа е време, ментална јасност или љубов кон себе, овие методи ќе ви помогнат да ја вратите контролата во вашите раце.

7 ефективни начини да преземете контрола над вашиот живот

1. Сакајте се

Ова е критичен чекор во преземањето контрола врз вашиот живот. Причината е тоа што сите проблеми потекнуваат од тоа кои сте вие во центарот на вашето јадро. Дали некогаш некој ве разгневил? Сигурно да. Најчесто причината не била нешто што тој некој кажал или направил, туку начинот на кој сте го прифатиле. Кога некој ви дава агресивна или негативна енергија, често настојувате да вратите со исто. Слушнете што имаат да ви кажат, но ако не е важно заборавете го и не се вклучувајте емоционално. Кога станува збор за сакањето себеси, почнете да правите работи што ги сакате. Ако сакате да гледате филм, направете го тоа. Ако сакате да јадете во омилениот ресторан но нема со кого, отидете сами. Овој метод ќе ве научи да се направите среќни и да не зависите од надворешниот свет.

2. Давајте

Давањето на другите предизвикува чувство на задоволство, особено ако станува збор за нешто неочекувано. Сетете се барем на една ситуација кога без причина сте изненадиле некого. Сигурно сте се чувствувале одлично. Важно е да знаете дека желбата за давање може да биде заразна. Штом ќе почнете, ќе сакате повторно да го направите тоа.

3. Вратете ги вашите 24 часа

24-те часа во денот ви се дадени вам и се целосно ваши. Ако не сте задоволни од работното место, само си наштетувате. Животот не се случува брзо, туку правите едно исто нешто секој ден, не создавате нови сеќавања и не учите нови вештини. Потребно е да си ги вратите вашите 24 часа. Можете да почнете со будење порано и поминување помалку време на телефонот. Ставете ограничување на сè што сметате дека ви одзема премногу време.

4. Дисциплинирајте се

Повеќето од нас се пораснати со родители на кои можеле да се потпрат. Родителите ве научиле како да бидете личноста што сте, како да ви се допаѓа она што ви се допаѓа и како да ги направите најдобрите одлуки. Она што треба да го сфатите е дека штом ќе се оттргнете од поддршката на родителите, потребно е да си ја дадете самите. Повеќето родители го давале најдоброто од себе за да ве охрабрат кога сте се чувствувале лошо. Постојат нешта во животот за кои знаете дека треба да престанете да ги правите, но за тоа ви е потребна дисциплина. Ова е вистина за сите промени кои сакате да ви се случат. Дисциплината може да ви стане навика ако напорно ја вежбате.

5. Најдете хоби со кое ќе можете да поминувате многу време

Новото хоби може да биде читање книги, документарци, спортување, учење нов јазик или што било. Хобито ќе ви помогне да ги тргнете мислите од случајните нешта и ќе ве научи како да се фокусирате на едно нешто. Учењето нешто ново секогаш бара фокус и вежбање. Кога сте завршиле со работата за денес, најдете некоја активност со низок приоритет која нема да ви биде здодевна. Најдобро е да имате едно хоби во еден период, па одберете мудро и внимателно.

6. Поставете граница и не ја поминувајте

Ако сакате да се почитувате, морате да се сфатите сериозно. Штом ќе ја споделите вашата цел со некој близок или пријател, држете се до неа. Тоа е ваша цел и ваш сон, а не на пријателот. Штом ќе почнете да откажувате средби со пријателите поради проект, тие ќе почнат да го почитуваат вашето време. Бидете јасни со вашите зборови и пријателите полесно ќе ве разберат.

7. Медитирајте

Медитирајте бидејќи тоа ви помага со вашите реакции. Ќе станете размислувач наместо некој кој реагира, а ова е одлично за преземање контрола. Дали некогаш сте направиле нешто, а потоа ви било криво? Најчесто причината за ваквите постапки е тоа што не размислувате. Кога практикувате медитација, станувате посвесни. Вежбите за дишење ќе ве научат дека сè има ритам. Обидете се да се фокусирате на нештата во животот коишто ви се важни.

Прочитајте ги и овие совети за подобар живот.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар