7 едноставни трикови со чија помош ќе го олесните вашето работење во кујната
Ако секојдневно поминувате одредено време во кујната, сигурно се соочувате со некои работи коишто ве нервираат, па се прашувате дали постои начин полесно да се справите со нив. Дали ви се познати солзите додека сечете кромид? Или пак, премногу време ви одзема затворањето на тесните капачиња? Во продолжение следува листа од едноставни трикови со чија помош ќе можете да заштедите време, притоа користејќи го она што го имате во вашиот кујнски шкаф.
1. Запрете ги солзите додека сечете кромид. Избришете го приборот за сечење со бел вински оцет.
2. Справете се со незгодните, тесни капаци. Сè што ви е потребно се две ластичиња.
3. Одделете ги добрите од лошите јајца. Ставете ги во чаша со вода – ако останат на површината, расипани се.
4. Отстранете ги непријатните наслаги од приборот за сечење. Ова лесно можете да го направите така што ќе измешате лимон и чиста сол.
5. Излупете ги јајцата полесно. Додајте сода бикарбона во водата каде што ги варите јајцата, па ќе немате потешкотии при нивното лупење.
6. Зачувајте го шеќерот мек. Додајте шеќерчиња во коцки коишто ќе ја одземаат влагата и ќе го одржуваат вашиот шеќер мек.
7. Одржувајте го разладено омиленото вино. Сè што е потребно е во шишето со вино да ставите неколку замрзнати зрна грозје.