7 едноставни начини никогаш да не бидете среќни

7 едноставни начини никогаш да не бидете среќни

Сите постојано ви велат како да бидете среќни, како да ги постигнете вашите соништа и како да направите вашиот живот да биде подобар. Сигурно не ви претставува голем проблем брзо да поминувате низ тие текстови, читајќи ги истите совети постојано. Но, ние решивме да направиме малку поинаков пристап на оваа тема, нешто сосема спротивно од тоа што досега сте го читале.

7 едноставни начини никогаш да не бидете среќни

Прочитајте ги наредниве неколку начини кои ќе направат никогаш да не бидете среќни во вашиот живот. Во колку од овие размислувања навистина се пронајдовте? Има ли некои други „несреќни“ навики кои вие ги практикувате?

Игнорирајте ги вашите страсти

„Во средно училиште свирев на виолина. Прекинав бидејќи станав многу зафатен/а, но постојано посакувам повторно да почнам со свирење.“

Отприлика вака изгледа реченицата која треба постојано да си ја кажувате на себеси, бидејќи без размислување мора да го игнорирате она нешто кое навистина ви значи. Секогаш кога ќе помислите на нешто кое го допира вашето срце, тргнете го од вашите мисли со едноставната мисла дека посакувате да започнете со истото. Неостварените желби се најважните работи ако се обидувате да живеете несреќен и неисполнет живот.

Прекинете да учите нови работи

Кога последен пат сте научиле нешто ново? Ако добро ви оди во оваа област, сигурно не сте научиле ништо во последниве 5 години. Да бидете несреќни и да го затворите вашиот ум за нови нешта бара многу напорна работа и труд. Учењето е прогресивно и задоволувачко, а вие не можете да си дозволите вакви глупости околу вас ако сакате да продолжите со вашиот несреќен начин на живеење.

Прекинете да бидете тоа што сте

Ако мислите дека сте уникатни, сигурно правите некаква грешка. Ако навистина сте уникатни, значи дека имате некому да му понудите нешто вредно. А да имате вредност како индивидуа е уште една од оние тактики за „добро-чувствување“. Време е да прекинете да се трудите да бидете тоа што сте и да се вклопите целосно во остатокот од општеството така што никогаш нема да експериментирате во ниедна област од вашиот живот. Тоа е сигурен пат до живот исполнет со несреќни чувства.

Верувајте дека вашите идеи се лоши

Хм, навистина мислите дека вашиот нов проект е добар? Сè што може да биде измислено, веќе е измислено. Па дури и да не е така, вие сигурно не сте доволно добри за да измислите што било. Нема никакви шанси да ги остварите вашите идеи. Барем не ако сакате да продолжите да бидете несреќни.

Опкружете се со луѓе кои не се грижат за вас

Една од најлошите начини кои можете да ги направите ако сакате да бидете несреќни е да се опкружите себеси со позитивни луѓе кои ве охрабруваат да направите сè за да ги решите вашите проблеми. Несреќните луѓе со неостварени соништа имаат потреба од нивните проблеми. Погрижете се сите ваши пријатели да не веруваат во вас, во вашите способности и потенцијали, а ако налетате на некои кои сакаат да ви помогнат да остварите нешто… Па, ќе мора да ги пуштите да си одат од вашиот живот.

Никогаш не гледајте подалеку од себе

Едно од клучните правила е да мислите дека вие сте центарот на универзумот и дека сè се врти околу вашата несреќа. Не е можно вие како индивидуа да започнете нешто што би го променило светот на подобро. Не е можно ни да го живеете вашиот живот онака како што отсекогаш сте замислувале. И дефинитивно не е можно да се борите за она во што верувате, бидејќи на крајот од денот вашите проблеми се оние кои ве дефинираат. Големи нешта им се случуваат на луѓе кои размислуваат на голем начин. Тоа значи дека вие никогаш не смеете да размислувате на тој начин, секако ако вашата цел е да останете несреќни.

Направете листа од причини зошто нема да успеете

Ова е можеби најефикасниот начин да се сопрете себеси од успех во животот, среќа или какво било остварување на соништата. Погрижете се да имате листа на причини зошто нема да успеете во ништо. Кога и да започнете со нешто ново, употребете ја листата за да се потсетите на сите оние нешта кои кога тогаш ќе направат да не успеете. Тоа би требало да ве натера веднаш да прекинете. Би било смешно ако ја игнорирате листата, бидејќи ако вие сметате дека е точна – тогаш навистина е точна! Таа е најдобриот начин да останете несреќни и да го живеете животот така што нема да остварите ниеден ваш сон.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар