7 едноставни и модерни фризури кои ќе ви дадат сосема нов изглед
Едноставните модерни фризури можат многу да ви помогнат кога имате лош ден за вашата коса и да ви овозможат импресивен изглед без никој да забележи дека таа е „непослушна“. Без разлика дали имате работни/факултетски обврски или пак, треба да се видите со вашите најблиски, погледнете ги наредниве неколку идеи за фризури кои можат да ви помогнат за кратко време да изгледате прекрасно…
1. Плетенка на страна
Оваа фризура одлично стои на сите видови коса и откако ќе ја направите нема да изгледа како да сте немале време за подготвување. Со помош на чешел или четка преместете ја вашата коса на едното рамо. Потоа поделете ја на 3 еднакви делови и направете лабава плетенка, притоа оставајќи неколку сантиметри отпуштени на крајот. Прицврстете ја вашата плетенка со стегач за коса. Доколку некои прамени ви се отпуштаат, слободно зацврстете ги со мали црни шнолички.
2. Високо коњско опавче
Високото коњско опавче секогаш изгледа елегантно, без разлика дали имате права или виткана коса. Соберете ја целата коса на врвот на вашата глава и потоа заврзете ја со стегач. Одвојте мал прамен и замотајте го околу стегачот за да добиете попрефинет изглед. Или пак, додадете мала машна.
3. Пунџа
Трикот за добра пунџа е да не ја собирате вашата коса престегнато. Исто така можете да експериментирате со положбата на пунџата, направете ја на врвот на вашата глава, малку пониско или пак од страна. Од сите овие комбинации пунџата на страна изгледа најелегантно и можете да ја носите и на работа и со вашиот омилен фустан за вечерно излегување.
4. Превртена пунџа
Едноставната превртена пунџа изгледа одлично и за формален и за кежуал изглед, па можете слободно да ја носите и на работа и на забавата по работа. Всушност таа би била одлична за во секоја ситуација, дури и кога би оделе само до продавница. Соберете ја вашата коса кај врвот на вашиот врат и превртете ја наопаку така што ќе ја поместите на страна за да не им дозволите на краевите да излегуваат од пунџата. Зацврстете ја со неколку мали црни шнолички. Доколку сакате да имате позабавна фризура, декорирајте ја со машна или со свилено цвеќе.
5. Половина собрана
Нема ништо погламурозно од собирање на половината од вашата коса и оставање на останатиот дел отпуштен. Оваа фризура е совршена за сите пригоди и е многу лесна за подготовка. Едноставно соберете го горниот дел од вашата коса, започнувајќи над вашите уши, повлечете го наназад и зацврстете го со мали црни шнолички, поголема штипка за коса или пак, со беретка. Овој изглед одлично стои на шишки.
6. Француска плетенка
За разлика од страничната плетенка, овој изглед е подобар доколку сакате вашата коса да е поцврсто собрана. Француската плетенка е лесна за подготовка и одговара на сите видови облека. Одберете мал дел од вашата коса кој е на врвот од вашата глава и поделете го на 3 дела. Почнете да ја плетете вашата коса така што ќе додавате ново праменче на секој нов слој од плетенката. На крај зацврстете ја со машна или завршете ја во пунџа за да го освежите вашиот изглед.
7. Собрана наназад
Одделете мало парче од вашата коса и повлечете го наназад. Оваа едноставна фризура ќе ѝ даде волумен на вашата коса и истовремено ќе го освежи вашиот изглед. Промените се секогаш позитивни кога станува збор за секојдневната фризура.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.