7 духовни отрови што ви го загорчуваат животот

7 духовни отрови што ви го загорчуваат животот

Духовните отрови се однесуваат на причините за човечката несреќа и тага. Се верува дека постојат 7 духовни отрови што можат да ја загорчат вашата животна среќа. Како што сигурно веќе знаете, во човечката природа е да се негуваат желби и очекувања. Овие очекувања ги создаваат добрите и лошите емоционални состојби на човекот. Оттука може да се заклучи дека отровните очекувања ги предизвикуваат негативните животни состојби и тагата. Прочитајте за кои духовни отрови станува збор и како можете да ги надминете овие проблеми…

7 духовни отрови што ви го загорчуваат животот

1. Верувате дека животот создава можности

Вистина е дека животот понекогаш мистериозно создава можности и дава одредени знаци. Но, тоа не значи дека треба да се откажете од идејата самите да барате можности. Погрешно е мислењето дека животот ќе ви го донесе секој избор пред врата. Тоа ќе ве доведе до ситуација да ви останат само ограничени опции во животот. Тоа исто така ќе ви ги уништи шансите за личен развој. Мора да верувате во напорната работа. Успехот постигнат преку вложениот труд секогаш трае долго. Па, како да барате можности? Бидете љубопитни. Не ја пропуштајте можноста да пробувате нови работи. Не живејте во границите на вашиот сопствен ум и запознавајте луѓе кои работат во различни области.

2. Имате потреба сите да ве сакаат

Постојат поединци што сакаат да им се допаднат на сите луѓе кои ќе ги сретнат. Ова создава големи проблеми во нивниот живот. Мора да разберете дека дури ни Бог не им се допаѓа на сите луѓе во светот. Сите ние сме човечки суштества. И покрај тоа што давате сѐ од себе, никогаш нема сите да ве сакаат. Во поголемиот дел од случаите, проблемот не е во вас, туку во минатото и природата на поединецот кој не може да ја прифати вашата добрина. Па, што можете да направите во врска со ова? Тргнете се од сите непотребни неволји. Кога ќе почнете да го правите ова, ќе забележите дека сте изградила неколку навистина значајни пријателства. Со текот на времето ќе почувствувате спокој и леснотија. Ќе се ослободите од непотребните грижи и повредени чувства.

3. Верувате дека животот е праведен

Сите ние, во одреден момент, сме кажале „Животот не е фер“. Меѓутоа, многумина не можат да го прифатат овој факт. На потсвесно ниво, сите ние очекуваме дека животот е праведен. Очекуваме дека по некое време, животот сам ќе ни ги избалансира работите. Тоа ни помага да се опуштиме и да не си го трошиме времето и шансите. Ако чувствувате дека го правите ова веќе подолго време, време е да престанете. Мора да се подготвите за претстојната борба и да застанете во ваша одбрана.

4. Мислите дека луѓето ќе ве разберат

Овој проблем постојано се појавува во љубовните врски. Ова се случува кога ќе почнеме да очекуваме дека другите луѓе ќе знаат на што мислиме ако им даваме знаци. Добро е ако постојат луѓе што можат да ве разберат, но тоа нема да се случува цело време. Најчесто, ќе бидете погрешно разбрани, па и повредени поради тоа што некој не успеал да ги прочита вашите мисли и ве повредил со начинот на однесување. Ако сакате да се ослободите од овој проблем, мора да ја смените вашата перцепција. Поставувајте си го прашањето „Што мисли тој/таа?“. Во секој случај, искрениот разговор е вистинскиот противотров во вакви ситуации.

7 духовни отрови што ви го загорчуваат животот

5. Очекувате сите да се согласуваат со вас

Ова е еден од најчестите проблеми со кои се соочуваат луѓето. Секако дека другите треба да ги почитуваат вашите мисли и идеи. Треба да бидете чуени. Но, ако очекувате дека сите треба да се согласуваат со она што го кажувате, тогаш ситуацијата може да стане проблематична. Мора да разберете дека другите луѓе имаат различно потекло и не живеат во исти услови. Токму затоа, природно е да постојат некакви разлики. Гледајте го тоа како мислење што доаѓа од друга перспектива. Сите работи можат да бидат сфатени на најмалку 2 различни начина. Почнете да обрнувате внимание на важните работи и игнорирајте ги непотребните судири што не се воопшто продуктивни.

6. Барате среќа во материјалните богатства

Материјалните работи се измислени за да го направат животот полесен. Тие можат само да ја зголемат удобноста на вашите секојдневни активности. Иако добро е да се имаат, не смеете да дозволите да верувате дека овие нешта ќе ви донесат апсолутна среќа и мир. Материјалните добра можат да ги исполнат само нашите физички потреби. Но, задоволството од вистинската среќа се наоѓа илјадници километри подалеку од материјалното богатство.

Денес, речиси сите луѓе се борат за пари и луксуз. Меѓутоа, не ни текнува дека луѓето кои го поседуваат сиот тој луксуз, не спијат баш мирно навечер. За да се ослободите од оваа отровна идеја, мора да се уверите дека во животот има многу поважни нешта од материјалните богатства. Предметите нема да ви донесат мир и среќа и овој факт треба да се научи уште во детството.

7. Се сомневате во себе

Луѓето кои се заглавени во овој страв од старт се осудиле себеси на неуспех. Во ред е да мислите дека не можете постојано да победувате. Меѓутоа, ако почнете да мислите дека никогаш не можете да победите, тоа значи дека сте изгубиле волја за победа. Почнете да верувате во себе. Мора да разберете дека поразот ви помага да научите нови работи. Подготвувајте се за новите подвизи со ентузијазам и жар. Откако ќе стекнете оптимизам и самодоверба, веќе ќе бидете на половина пат до успехот.

Не дозволувајте вашите емоции да владеат со вас. Ако почнете да се борите против вашето внатрешно зло, ќе постигнете големи успеси и среќа во животот.

Во продолжение прочитајте за следниве отровни мисли кои ви ја трујат визијата за подобар живот.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар