7 детски работи што сите возрасни треба да продолжат да ги прават за време на летото
Како што растеме, така ненамерно ја губиме желбата за овие детски работи што ѝ помагаат на нашата имагинација да се развива. Животот постојано е во движење, па едноставно ве турка во светот на возрасните без воопшто да забележите. Но тоа не значи дека нема да имате време да ги пуштите мислите „на пасење“ и да се препуштите на летната безгрижност што сите деца ја чувствуваат. Летото треба да ни донесе ослободување од обврските, па затоа и мора постојано да наоѓате начини како да ја одржувате оваа традиција. Тоа е единствениот начин да го задржите вашето психолошко здравје, а следниве активности најлесно можат да ви помогнат.
1. Одете на кампување
Организирајте ги најблиските пријатели и одете на кампување! Одвојте цел викенд за дружба на отворено небо, земете гитари, правете скара, пејте покрај камперскиот оган и едноставно опуштете го умот од секојдневните проблеми.
2. Изградете тврдина во дневната соба
Да, гледањето филмови од каучот е една од најдобрите активности што можете да ги правите за опуштање на умот, но размислете – тврдината во дневната соба, составена од перници, чаршафи и ќебиња, може да го блокира целиот надворешен свет и да ви помогне инстантно да се опуштите.
3. Изградете планина од сладолед
Сладоледот е еден од најголемите пронајдоци на човекот – постои вкус за секое ваше расположение! Па зошто конечно да не ја задоволите вашата љубопитност и да ги наредите сите вкусови во еден корнет за одеднаш да ги вкусите?
4. Воодушевувајте му се на ноќното небо
Само затоа што сте биле фрлени во светот на возрасните, не значи и дека треба да престанете да го набљудувате ѕвезденото небо и да се воодушевувате на непознатото. Не треба воопшто да ги спомнуваме придобивките за вашето ментално здравје од релаксацијата што доаѓа со неколкучасовното лежење на трева и следење на движењето на ѕвездите со очи.
5. Дружете се со родителите
Родителите не се толку лоши колку што сите ги прават. Како деца, тие беа нашите суперхерои. Но колку помалку време минувате со нив, толку повеќе губите контакт, па автоматски се оддалечувате. Така настануваат недоразбирањата и проблемите со комуникацијата.
6. Гледајте класични Дизни филмови
Овие филмови ве оформиле во личноста што сте денес! Можеби не сте станале принцови и принцези и не сте ги нашле своите принцези и принцови, но постои нешто магично во секое сценарио од овие приказни што едноставно го надополнува летото.
Погледнете ги и овие 10 работи кои треба да ги научиме од децата.