7 чудни места на кои на секоја девојка ѝ растат влакна (Престанете да паничите!)

7 чудни места на кои на секоја девојка ѝ растат влакна (Престанете да паничите!)

Влакната на лицето и на нетипичните места на телото се сметаат за машка карактеристика и всушност секое влакно што не е на главата се перципира како неженствена работа. Но, и дамите исто така можат да бидат влакнести, некои повеќе, некои помалку, па ако мислите дека сте единствени кои имаат по некое диво влакно на вратот – дефинитивно не сте. Погледнете на кои сè места им растат влакна на многу жени во светот.

0-7-chudni-mesta-na-koi-na-sekoja-devojka-i-rastat-vlakna-prestanete-da-panichite-kafepauza.mk

1. Надусниците

И на девојките им растат мустаќи. Да, добро слушнавте. Можеби не се толку дебели и густи како кај мажите, но сепак сите ги имаме. Потешко е да се забележат на светли девојки, но верувајте – и тие ги имаат.

1-7-chudni-mesta-na-koi-na-sekoja-devojka-i-rastat-vlakna-prestanete-da-panichite-kafepauza.mk

2. Брадата

Овие влакненца се дефинитивно напорни, но ова е почеста појава одошто мислите. Уште поважно, овие влакненца нема да ги забележи никој сè додека не ви дојде со лицето точно пред нив.

3. Стомакот

Кој нема патека од влакна која води до срамните влакна? Па сите имаме, само многу девојки одлучуваат да ги депилираат, особено во летниот период. Тоа не ве прави врколак.

4. Вратот

Имате влакна на вратот? Неколку чудни антени кои штрчкаат од таму не се причина за загриженост. Навистина, најверојатно никој не ги забележува, а признајте – ниту вие во најголемиот дел од времето.

2-7-chudni-mesta-na-koi-na-sekoja-devojka-i-rastat-vlakna-prestanete-da-panichite-kafepauza.mk

5. Прстите

ОК, не баш секоја девојка има влакна на прстите, ова целосно зависи од генетиката. Но, нема потреба да губите самодоверба заради ова. Влакната на прстите едвај се забележуваат, па ако веќе толку ви пречат одлучете се за редовна депилација, никако не посегнувајте по бричот.

6. Градите

Веројатно не ви излегуваат влакна од кошулата како на пастувите од 70-тите, но сосема е нормално да штрчка по некое од вашите пупки. Да, влакнести пупки се сосема нормална работа. Чупајте ги ако сакате, но и не мора. Нормални се!

7. Задникот

Жените не поминуваат низ пубертетот без да им излезат влакна од газот, ОК? Не се сите жени безвлакнести порно ѕвезди. Затоа и постои бразилската депилација. Значи, да повториме, влакна растат во задникот и тоа е сосема нормално. Ако некој направи да се чувствувате непријатно поради тоа, очигледно има проблем да се концентрира на своите влакна во задникот.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар