7 чекори како да се справите со вашето дете ако презборува
Вашето дете отсекогаш се однесувало добро, но одеднаш почнавте да забележувате дека се појавуваат недоразбирања во комуникацијата. Децата може да почнат да презборуваат, па дури и да ги превртуваат очите. Вам тоа однесување ви е чудно, но сепак можете да најдете решение и да управувате правилно со овие ситуации со цел да изградите здрав однос со вашите деца. Овие 7 чекори ќе ви откријат како да се однесувате кога вашето дете ќе почне да презборува.
1. Не одговарајте со ист тон
Тешко е да останете смирени кога вашето дете ќе почне да презборува, но важно е да внимавате на вашето изразување. Треба да се обидете да бидете пример и да покажете почит. Викањето, врескањето или лошите зборови нема да ви помогнат.
Сепак, не дозволувајте му вашето дете да почне повторно да презборува. Објаснете му дека треба да го поправи своето однесување и клекнете на ниво на неговите очи додека разговарате со него.
2. Обидете се да го разберете проблемот што го има
Никогаш не заборавајте дека вашето дете сè уште учи како да го контролира своето однесување и дека понекогаш не знае како да се справи со проблемите. Поради тоа, нормално е да покажува недостаток на трпеливост. Откако ќе поставите ограничувања кога станува збор за неговиот тон, обидете се да разберете каков проблем има. Честопати, кога детето презборува, изразува лутина, фрустрација, повреденост или страв.
Секој ден поминувате најмалку 15 минути насамо со вашето дете, посветувајќи му внимание. Обидете се да ги разберете неговите потреби, надежи и соништа. Можеби вашето дете сака да го проучува универзумот, а вие никогаш не сте го однеле на планетариум.
3. Кажете му на вашето дете дека знаете дека е вознемирено
Психолозите сугерираат да користите реченици како: „Ох! Мора да си вознемирен штом разговараш така.“ или „Сакам да слушнам повеќе за ова, но не можам да слушам кога се чувствувам дека ме напаѓаш.“ Потоа, предложете да разговарате за проблемот откако двајцата ќе се смирите.
4. Покажете какви се последиците и очекувајте почит
Децата треба да видат како љубезното однесување може да им биде од корист. Не треба да се игнорира секој лош збор или секое превртување на очите. Вашето дете треба да знае какви се последиците од неговото презборување, па затоа покажете му дека ви пречи неговото непочитување. Исто така, можете да ги покажете последиците од лошото однесување со додавање на дополнителни работни задачи или со скратување на времето поминато пред телевизор или компјутер. Во овој случај, децата ќе ве сфатат сериозно. Но, не заборавајте да ги одржувате своите ветувања ако детето не престане да презборува.
5. Дозволете му на детето да го искаже своето мислење
Ако децата го искажуваат своето мислење за нешто, тоа е добро. Но, тие треба да го сторат на пријателски начин, а вие не треба да ги прекинувате додека ви објаснуваат што мислат.
Слушајте и обрнете внимание на проблемите што ги имаат вашите деца. Важно е да покажете емпатија и разбирање за вашето дете да не ве смета за непријател.
6. Обидете се да откриете кога вашето дете обично презборува
Можеби вашето дете секој ден се враќа од училиште во лошо расположение. Тоа може да биде клучот за решавање на некој голем проблем и избегнување полоши последици во иднина.
7. Пофалете го доброто однесување
Сите сакаат да се чувствуваат ценето, а вашите деца не се исклучок. Ако видите дека вашето дете престанало да презборува и покажува благодарност, можете да го прегрнете, да му дадете комплимент или да кажете „благодарам“.
Но, дајте им до знаење на децата дека тоа што сте пријателски настроени не значи дека можат да добијат што сакаат.
Погледнете ги овие 7 опасни пораки во популарните бајки и прочитајте како да ги заштитите вашите деца од нив.