7 бои за чанти кои се хит оваа пролет
Пастелните бои владеат со модните трендови насекаде, а овде спаѓаат и чантите. Ако планирате да вложите во нова чанта, имајте ги на ум овие 7 бои.
1. Пастелно розова
Оваа чанта можете да ја носите секој ден. Женствената нијанса изгледа навистина добро во комбинација со потемни парчиња, како црна кожна јакна или фармерки.
2. Бебешко сина
Оваа боја е одлична во комбинација со маслинеста зелена.
3. Жолта
Ако сакате сончева нијанса, оваа боја е совршена за вас. Одлично изгледа на поголеми чанти.
4. Лого со боја на виножито
Видливото лого повторно е тренд. Но, не мора да го носите на голема чанта. Можете да одберете паричник и да изгледате неверојатно.
5. Лаванда
Лавандата е дефинитивно боја на годината. Иако можеби имате многу парчиња со оваа боја, добро е да вложите и во чанта.
6. Бела
Оваа боја изгледа неверојатно и не привлекува многу внимание. Сигурно ќе ја носите уште долго.
7. Црвена
И неколку основни бои се трендови оваа пролет. Силната црвена боја е одлична ако ја комбинирате со лаванда, една од најпопуларните комбинации на бои оваа сезона.
Ако ви е потребна инспирација, погледнете ги овие модни трендови за пролет 2018.