7 бисери на мудроста кои ќе ве водат кон подобар живот
Одвреме-навреме, секому е потребен совет и рамо за плачење. Добриот збор и силната прегратка можат да направат многу за некој кому тие се најпотребни. Колку и да се силни пред сите, понекогаш дури и тие најсилните имаат потреба од разговор со најблиските кои ќе ги посоветуваат и смират со некој мудар збор. Некогаш, доволни се само два-три збора да допрат до некого за тој некој да си го смени животот од корен.
Велат дека постарите знаат најдобро, а следниве мудри зборови, кои не за џабе со децении наназад се пренесуваат од колено на колено, го докажуваат токму тоа.
1. Немојте премногу цврсто да се држите за сѐ во животот
Ништо не е вечно. Сѐ доаѓа и поминува додека да трепнете. Затоа немојте да се држите за нештата како да ќе ви се слизнат низ раце бидејќи токму тоа ќе се случи. Уживајте во нив додека можете и научете да ги пуштите кога е време за тоа.
2. Не плашете се
Стравот е најголемиот непријател на човекот и единственото нешто кое го сопира да направи нешто повеќе од себе и тоа што го може. Стравот е ништо повеќе од губење драгоцено време за кое може да направите многу. Затоа најдете начин да се изборите со своите стравови бидејќи само така ќе можете со полно срце да уживате во животот.
3. Прифатете ги вашите сакани такви какви што се и сакајте ги во секој случај
Во животот често губиме повеќе време концентрирајќи се на тоа што не чини отколку на убавите работи, па така и кај луѓето тежнееме да го бараме лошото и ретко или воопшто не забележувајќи го доброто кај нив. Секој има право да биде свој човек и никој не е без маани, како ни вие. Прифатете ги луѓето такви какви што се и сакајте ги без разлика на сè поради тоа кои се тие за вас и што ви значат.
4. Бидете свои и сакајте се такви какви што сте
Животот ви дава милион шанси да бидете подобри луѓе. Доволно е да искористите само една и оттаму да почнете да се градите како личност со која ќе бидете задоволни, која ќе ја почитувате и надградувате секојдневно. Земете ја таа шанса, искористете ја најдобро што можете и станете личноста која сакате да бидете и која ќе ја сакате и почитувате.
5. Прифаќајте и не бидете премногу строги
Прифаќањето работи со кои не се согласувате и луѓе чии ставови и мислења се различни од вашите, е една од најтешките работи кои се бараат од вас за да живеете подобар живот. Не секогаш ќе ви се допаѓа сѐ што ќе видите и чуете, но сепак прифатете го како такво и продолжете понатаму. Немојте да очекувате премногу бидејќи тоа може само да ве разочара. Омекнете кон себе и другите и уживајте повеќе.
6. Бидете скромни
Скромноста е особина на големите луѓе. Бидете меѓу нив. Не сте подобри од другите само бидејќи така мислите. Бидете скромни и прифатете ги луѓето. Препознајте кога е потребно да се истакнете и кога е потребно да се повлечете. Ако е потребно да се извините некому, направете го тоа. Изборете се за она во кое верувате и за вашите соништа.
7. Живејте страсно
Животот е краток и еден. Живејте го најдобро што можете и сѐ што правите правете го со страст и желба. Смејте се. Уживајте. Исполнете ги деновите со убави спомени и не губете време на нервирање за работи кои не можете да ги смените. Целете кон исполнување на вашите соништа и остварување на вашите желби. Простете кога е потребно. Сакајте со цело срце и душа и немојте да се каете за ништо.