60 работи за кои треба да бидете благодарни секој ден
Животот понекогаш може да биде тежок и предизвикувачки, па така ќе наидете на моменти кога ќе бидете тажни и песимисти. Сето тоа е во ред затоа што сме луѓе и затоа што во ред е понекогаш да им отстапиме простор и на негативните емоции. Сепак, не заборавајте дека постојат работи за кои треба да бидете благодарни во животот. Еве за кои работи станува збор.
1. Изгрејсонцето
Никогаш не заборавајте дека новиот ден носи нови можности!
2. Семејството
Можеби не секогаш ја чувствувате љубовта бидејќи семејствата знаат понекогаш да бидат комплицирани, сепак таа е тука и во добрите и во лошите денови.
3. Родителите
Тие ви подариле живот, но и можност да ја продолжите семејната традиција.
4. Сладоледот
Убаво е да се биде благодарен за малите нешта во животот, особено за оние нешта кои го прават животот посладок!
5. Зеленилото
Дрвјата, цвеќињата и тревата околу вас имаат способност да го „обојат“ вашето секојдневие во нешто магично!
6. Насмевката
Без разлика дали се работи за странец кој сте го сретнале на улица или колега на работа, туѓата насмевка е секогаш бесценета!
7. Океанот
Му симнуваме капа на огромното, мистериозно водно пространство!
8. Ѕвездите
Погледнете во небото и никогаш нема да бидете осамени затоа што тие ќе ви го осветлат патот.
9. Технологијата
Технологијата има неверојатна моќ да ги трансформира нашите животи и да го направи светот поудобно место за живеење.
10. Тркалото
Без разлика дали се работи за вашиот автомобил, велосипед, воз или автобус… морате да признаете дека тркалата се вашиот пристап до светот.
11. Домот
Нашето засолниште од бурите и премрежињата на современиот свет.
12. Сетилото за вид
Преку сетилото за вид животот станува побогат, шарен и поразновиден.
13. Слухот
Ви овозможува полесно да комуницирате, да примате информации и на тој начин да го доживувате светот околу вас преку звукот.
14. Сетилата за мирис и вкус
Оние кои ги изгубиле сетилата за мирис и вкус како резултат на Ковид-19 можат да претпостават каков би бил животот без нив!
15. Способноста за движење
Ви овозможува полесно да ги остварите вашите соништа.
16. Умот
Способноста за размислување и расудување е она по кое се разликуваме од животните.
17. Способноста за создавање
Тоа е талент кој го поседува секој од нас.
18. Достигнувањата
За кои работевте напорно да ги постигнете и кои се скапоцени искуства од вашиот живот.
19. Zoom
Како би ја преживеале оваа пандемија без Zoom?
20. Мобилниот телефон
Секаде и постојано со нас – мобилниот телефон ни нуди пристап кон светот.
21. Храната
Нешто без кое не би можеле да преживееме.
22. Креветот
Топло и безбедно место за починка на умот и телото.
23. Приказните
Без разлика дали се во облик на книги, филмови или ТВ емисии тие се моќна алатка во процесот на нашето созревање бидејќи ни даваат важни лекции.
24. Заедницата
Нешто што ни дава чувство на припадност.
25. Можностите за промена
Секогаш кога не сте задоволни од нешто во животот имате можност да го промените тоа и да започнете одново, со нови сили.
26. Животните
Птиците, зајаците, желките, верверичките… нашата планета се одликува со огромен биодиверзитет!
27. Можностите
Никогаш не заборавајте дека сè што е реално е можно!
28. Огнот
Како би ги преживеале студените зимски ноќи без оган?
29. Музиката
Животот би бил толку монотон без музика!
30. Уметноста
Ни служи како средство преку кое ги споделуваме нашите вредности и верувања!
31. Образованието
Се работи за моќна алатка која може да ни помогне да оформиме ставови и мислења за светот околу нас.
32. Искуствата
Вие сте такви какви што сте денес благодарение на вашите искуства.
33. Лузните
Потсетници за болката и тешкотиите кои сте ги преживеале.
34. Одговорностите
Неизбежен дел од животот, но понекогаш доволни да му дадат смисла.
35. Способноста за читање
Зборовите се моќна алатка за комуницирање и раскажување приказни.
36. Модерните апарати
Она за кое во минатото било потребно многу време и напор, денес е возможно со само еден допир на копчињата.
37. Медицината
Развојот на медицината придонесе во голема мера за подобрување на животниот стандард.
38. Здравјето
Грижата за здравјето ви овозможува подобар квалитет на животот.
39. Страста
Доволно е да му се посветите на она што го сакате во животот со сета ваша страст за да бидете среќни и исполнети.
40. Поттикот и мотивацијата
Преку нив добивате енергија која ви овозможува да успеете во животот.
41. Планините
Тие се од суштинско значење за нашиот екосистем.
42. Годишните времиња
Со секоја промена на годишните времиња имате можност одново и одново да се поврзувате со природата.
43. Сонцето
Поради светлината и топлината.
44. Црцорењето на птиците
Нивната песна е потсетник за моќта и убавината на природата.
45. Чоколадото
Каков би бил животот без вкусот на чоколадото?
46. Топло кафе
Ви дава енергија за полесно да се справите со обврските во текот на денот.
47. Танцот
Уметност која ви помага да го подобрите расположението.
48. Кампувањето
Ви дава можност да се поврзете со природата…
49. Слободата
Да бидете онакви какви што сте.
50. Сончогледот
Бидејќи тој е симбол на животот.
51. Учителите
Вашите ментори и водичи во животот.
52. Патувањето со авион
За можноста да патувате каде било во светот…
53. Авантурата
За непознатото, возбудата, адреналинот, искуствата, чудата…
54. Предизвиците
Бидејќи ве прават посилни.
55. Способноста за учење
Бидејќи ве прави подобри и помудри.
56. Врската со вашето минато
Вашите предци и луѓето кои оставиле трага во вашиот живот.
57. Тушот
За неговите прочистувачки и освежувачки моќи!
58. Пријателствата
За пријателите кои се тука да ви помогнат и да ве утешат.
59. Неуспесите
Затоа што тие се првиот чекор кон вашите успеси.
60. Зајдисонцето
За да ве потсети дека животот е убав и покрај сè.
Откако го прочитавте нашиот список со нештата за кои треба да бидете благодарни секој ден, можеби ќе сакате да прочитате и како да го ослободите умот од негативни мисли и грижи.
Извор: themindsjournal.com