60-годишен маж станал модел благодарение на неговата густа брада
Филип Дима е толкувач на правото кој никогаш не посакал да ја примени својата струка во праксата и наместо тоа одлучил да се занимава со бизнис и рекламирање. Пред 3 месеци одлучил да ја порасне својата брада само затоа што мислел дека ќе биде забавно, но не и неуредно, меѓутоа на луѓето многу им се допаднал неговиот нов изглед.
Така, помислил, зошто да не се обиде како модел. Започнал да внимава на начинот на облекување и сфатил дека можеби сепак може да направи нешто интересно. Почнал да стапува во контакт со разни модни агенции и неговата кариера започнала. Тогаш веќе наполнил 60 години.
Филип ја обожава својата работа и црпи голема инспирација и задоволство од неа. Вели, што би можело друго човек да посака? Посакува во иднина да соработува со големите интернационални компании како Шанел или Диор. Сите имаме соништа, па така и Филип и можеби токму оваа негова популарност на социјалните мрежи ќе го однесе чекор понапред во нивното остварување.