6 знаци кои укажуваат на здрав однос кон другите
Кои се здравите граници во односот кон другите? И како учтиво да ја повлечеме линијата? Здравите граници се од суштинско значење во нашите односи кон другите луѓе бидејќи тие ја градат и одразуваат самодовербата. Здравите граници се суштински аспект на индивидуалната и автономната личност. Во продолжение прочитајте кои знаци укажуваат на здрави односи.
1. Можете да кажете „не“.
Луѓето кои се однесуваат потчинето не знаат да поставуваат граници и вообичаено се чувствуваат виновно секогаш кога ќе го направат тоа.
2. Не дозволувате другите да ве злоупотребуваат или експлоатираат.
Благодарение на здравите граници, нема да дозволите другите да влијаат негативно врз вашата благосостојба. Нема да толерирате злоупотреба или да дозволите луѓето да ве искористуваат. Ќе се борите за себе и за своите права и ќе им дадете на луѓето до знаење како очекувате да ве третираат.
3. Не сте навредени од туѓите граници.
Кога другите луѓе велат „не“ или поставуваат граници, вие ги почитувате. Не реагирате веднаш со повреда или лутина и не претпоставувате дека тоа е затоа што тие не се грижат за вас.
4. Не ги сфаќате лично критиките на другите.
Се познавате себеси благодарение на здравите граници. Вашата граница ги филтрира критиките. Така, лесно може да заклучите дали критиката е валидна или не. Ако е навредлива, тогаш таа е одраз на личноста што ја изјавува.
5. Ги почитувате туѓите граници.
Сфаќате дека секој поединец е приказна за себе и дека секој од нас има свои граници. Очекувате другите да го почитуваат вашето мислење и вие го правите истото. Освен тоа, секогаш се стремите кон компромиси во односите со другите.
6. Не мора другите да се согласуваат со вас.
Како посебна индивидуа со здрави граници, вие ја покажувате истата почит и кон другите луѓе. Немате потреба другите луѓе да се согласуваат со вас и не се мачите да им покажете дека вие сте во право, а тие не се. Го изразувате своето мислење, разговарате за различни аспекти на темата, иако не се согласувате со вашиот соговорник, но тоа го правите со почит кон туѓото мислење.
Откако прочитавте за знаците кои укажуваат на здрави односи кон другите, можеби ќе сакате да ги прочитате и 12-те знаци дека сте опкружени со токсични роднини.
Извор: themindsjournal.com