6 знаци кои покажуваат дека сте подготвени да имате уште едно дете
Сигурно радоста била голема откако сте го добиле вашето прво дете, но исто така тогаш сте сфатиле дека не знаете ништо во врска со родителството. Во некои моменти сигурно го губевте вашиот ум и многу работи околу вас. Но, по одреден период ќе сфатите дека сте научиле многу нешта, па сега сте мајка која е спремна да им дава совети на другите мајки. Еве како да знаете дали веќе е време да го зголемите вашето семејство со уште еден, двајца или тројца членови.
1. Опседнати сте со бебињата на другите луѓе
Доколку ви е интересно да си играте со други бебиња во ресторан, додека сте во парк и слично, тогаш можеби треба да размислите да го проширите вашето семејство. Но, бидете сигурни дека сте спремни повторно да се соочите со силните плачења и ноќните будења, кога бебињата знаат и да не бидат толку слатки и наивни.
2. Имате поддршка од оние околу вас
Помислете на тоа дали можете да имате помош од вашите најблиски: Вашата мајка, свекрва, сестра или пак некој друг поблизок роднина. Поддршката е од клучно значење кога ќе имате уште еден нов член во семејството, а доколку ја имате, тогаш можеби треба да им дадете зелено светло на вашите планови за зголемување на семејството.
3. Можете да си го дозволите тоа
Секако, во овој момент ќе треба да размислувате и за вашите финансиски средства. Колкав е вашиот месечен буџет и за колку би се зголемиле вашите месечни трошоци? Направете ги овие пресметки и прилагодете го вашиот план.
4. Спремни сте да ги прифатите физичките промени
Па што ако ви биле потребни две и пол години за да постигнете совршена форма на вашиот задник или пак, да го вратите вашиот мозок во нормална состојба? Сега откако знаете дека можете да го направите тоа, спремни сте да прифатите уште еден мал член во семејството.
5. Вашиот сопруг го сака истото
Всушност, вие и двајцата треба да ја донесете оваа одлука. Покрај сѐ, лишувањето од сон, времето за бањање и многу други секојдневни ситуации се наменети за вас двајцата.
6. Вашето постаро дете ве моли за брат или сестра
Имањето помал брат или сестра, може да направи чудо за вашето прво, второ или трето дете, за неговиот ум, тело и дух.
Па, ако се пронаоѓате во овие неколку работи, време е да размислите подетално за оваа одлука!
Погледнете и кои придобивки ги имаат децата доколку имаат брат или сестра.