6 знаци кои откриваат дека имате надарено дете

6 знаци кои откриваат дека имате надарено дете

Секој мисли дека неговото дете е посебно и тоа треба да биде така, но дали навистина покрај вас расте мал генијалец или генијалка, може да ви откријат овие 6 знаци.

1-shest-znaci-koi-otkrivaat-deka-imate-nadareno-dete-www.kafepauza.mk_

1. Тие се фокусирани

Малите деца се многу љубопитни, па заради тоа некои предмети само накратко им го окупираат нивното внимание. Напредните деца ја имаат таа способност да се фокусираат на нешто и да бидат окупирани со истото многу подолго отколку просечните деца. Некои бебиња уште од шестиот месец може со внимание да гледаат слики во некоја книга и да го следат вртењето на страниците. Тие може да препознаат и одредена песна.

2. Сакаат да си играат сами

Надареното дете гласно си игра само и не бара друштво. Го забавуваат книгите и играчките. Ако му е потребно друштво, ќе го побара помеѓу постарото дете и возрасните. Многу надарените деца се интровертни и преферираат да имаат еден или два пријатели.

3. Ве гледаат во очи

Сите бебиња во првите месеци од животот ја „впиваат“ околината, но оние напредните го прават тоа на посебен начин, односно многу повеќе се заинтересирани за она што ги опкружува. Па доколку некој зборува тие нема само да слушаат, туку ќе ја вртат главата во насока на личноста која зборува и ќе го бараат звукот. Надарените деца ќе ја гледаат во очи личноста која им се обраќа и брзо ќе научат да распознаваат различни лица и гласови.

2-shest-znaci-koi-otkrivaat-deka-imate-nadareno-dete-www.kafepauza.mk_

4. Решаваат проблеми

Надареното дете не се откажува кога ќе наиде на тешкотии или препреки. Тоа ќе се фокусира на решавањето на проблемот и често истиот ќе го реши на необичен начин.

5. Емотивни се и емпатични

Надарените деца многу подобро се носат со сложените емоции од просечните деца, кои пак најчесто не можат ни да ги идентификуваат. Во тој случај емоциите може да се манифестираат низ физички симптоми, како што се главоболка или болка во стомакот. Даровитите малечки имаат интензивни емоционални врски со луѓето кои ги опкружуваат и ги разбираат емоциите на другите. Тие се сочувствителни.

6. Тие се перфекционисти

Надарените деца честопати се перфекционисти, па ако работите не изгледаат како што тие планирале, ќе се разочараат и депримираат. Затоа треба да ги поттикнувате и охрабрувате.

Но, за да воспитате добро, одговорно и паметно дете, погледнете кои работи никако не треба да ги правите наместо вашето дете.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар