6 знаци кои ќе ви покажат дека сте во здрава љубовна врска

6 знаци кои ќе ви покажат дека сте во здрава љубовна врска

Ако никогаш досега не сте биле во здрава врска, можно е да не знаете како функционира. Без разлика на причината зошто е тоа така, морате да ги препознаете разликите меѓу токсичните или нездрави врски и здравата функционална врска со позитивен романтичен партнер. Во продолжение прочитајте кои карактеристики ги имаат здравите, функционалните и просперитетните врски.

6 знаци кои ќе ви покажат дека сте во здрава љубовна врска

1. Доверба и искреност

Довербата е најважниот елемент во секоја врска. Треба да се осигурите дека партнерот ви мисли најдобро и дека нема да направи ништо за да ви наштети. Начинот на кој се однесуваат со вас треба да ви влее чувство на доверливост и искреност. Не треба да се грижите ако вие сте искрени и останете доследни на своите принципи бидејќи доколку се работи за здрава врска, нема да има никакви негативни последици.

2. Комуникација и волја за решавање на конфликтот

Комуникацијата треба да биде отворена, продуктивна и полна со почит, дури и за време на конфликт. Не треба да има никакви навреди, заплашувања или злоупотреба од ничија страна. Секогаш треба да се чувствувате безбедно за да ги споделите вашите грижи и сомнежи со партнерот.

3. Исти или слични вредности

Вредностите се поважни од истите интереси. И двајцата треба да ги споделувате истите вредности и размислувања во поглед на меѓусебните односи, кариерата, семејството, стилот на живеење итн. Треба да уживате во времето кое го поминувате заедно, но секој од вас треба да се чувствува истовремено и слободен и да има и свој простор надвор од врската. Нема да бидете целосно среќни и опуштени доколку правите нешто што е спротивно на вашите основни вредности.

4. Заемно споделување на животните приказни

И двајцата треба да ги споделите своите животни приказни – и добрите и лошите искуства. Споделете ги искуствата и работите што ви се случиле во минатото, но и она што ви се случува во моментот. Не кријте ги вашите стравови, проблеми, желби и вашата семејна историја. Споделувањето треба да се одвива постепено и одмерено. Не занемарувајте ја реакцијата од страна на партнерот. Дали секогаш наидува на емпатија и сочувство тоа што сте го споделиле? Ако одговорот е позитивен, тогаш ќе знаете дека покрај вас се наоѓа вистинската личност.

5. Емпатија

Двајцата треба да бидете грижливи и љубезни еден кон друг. Бидете си поддршка и потпора еден на друг. Еден од најважните елементи во здравата врска е меѓусебната почит, особено во поглед на поединечните мислења и верувања. Тоа значи дека и двајцата се чувствувате еднакви во врската. Можете да ги разберете размислувањата на партнерот за одредена ситуација дури и ако се спротивставуваат со вашите.

6. Физичка интимност

Во романтичната врска, покрај емоционалната подеднакво важно е да биде развиена и физичката интимност и наклонетост. Секако, најважно е врската да се одвива со удобно темпо така што ниту еден од вас нема да врши притисок врз другиот во поглед на прерана физичка интимност и посветеност.

Откако прочитавте кои се карактеристиките на здравата романтична врска, можеби ќе сакате да прочитате и како да му покажете на партнерот дека сте заинтересирани за сериозна врска.

Извор: themindsjournal.com


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар