6 знаци дека вашите акни можеби укажуваат на посериозен здравствен проблем

6 знаци дека вашите акни можеби укажуваат на посериозен здравствен проблем

За жал, акните не се само тинејџерски проблем и можат да се појават на која било возраст. Можно е дури и целиот живот да се справувате со нив. Иако со возраста можно е да се појават одредени проблеми со кожата, важно е да бидете свесни за некои од симптомите на акните во зрелоста кои можеби укажуваат на нешто посериозно.

6 знаци дека вашите акни можеби укажуваат на посериозен здравствен проблем

Ако постојано имате акни кои изгледа како да не можете да ги контролирате, добро е да го посетите вашиот лекар. Овие предупредувачки знаци ќе ви помогнат да го откриете коренот на проблемот и засекогаш да се ослободите од акните.

1. Имате и други симптоми поврзани со хормоните

6 знаци дека вашите акни можеби укажуваат на посериозен здравствен проблем

Акните кои се појавуваат кај возрасните жени можат да бидат знак за хормонална нерамнотежа ако се придружени со некои други симптоми, како појава на влакна на необични места (градите, лицето или стомакот), необјасниво паѓање на косата или нередовен менструален циклус. Најчеста причина за акни кај возрасните жени е синдромот на полицистични јајници. Вашиот дерматолог или матичен лекар може да направи крвна слика со цел да го провери ова.

2. Имате акна која никогаш не исчезнува

6 знаци дека вашите акни можеби укажуваат на посериозен здравствен проблем

Во ретки случаи, ракот на кожата може да наликува на акни. Ако имате акна која стои на вашето лице подолго време, важно е да го посетите вашиот дерматолог. Иако нема потреба да бидете загрижени, акните кои остануваат со недели, па дури и месеци, би требало да ги проверите.

3. Одеднаш ви се појавиле многу акни

6 знаци дека вашите акни можеби укажуваат на посериозен здравствен проблем

Ненадејното воспаление кое има црвени мозолчиња или цисти и се појавува на одредено место може да биде поврзано со појава на акни поради стероиди. Овде може да станува збор за инхалатор со стероиди или стероиди кои се користат за разна намена. Па, ако нешто ви изгледа необично, пак најдобро е да го посетите вашиот лекар.

4. Акните имаат различна боја

6 знаци дека вашите акни можеби укажуваат на посериозен здравствен проблем

Акните со различна боја можат и воопшто да не бидат акни, па токму поради тоа да немате ефект од вашиот третман. Малите бели мозолчиња често се затворени пори. Многу митесери на образите можеби се поради хронично оштетување од сонцето. Жолтите мозолчиња на челото и образите кои се почести кај постарите лица, можеби се зголемена лојна жлезда.

5. Создавање кора

6 знаци дека вашите акни можеби укажуваат на посериозен здравствен проблем

Никогаш не треба да ги игнорирате акните со жолта кора во близина на устата или носот. Ова не се акни, туку вид инфекција од стафилокока. Инфекцијата создава кора со боја на мед, најчесто околу ноздрите или устата. Отстранувањето на кората може да предизвика црвенило. Третманот може да бара лекови и за внатрешна и за надворешна употреба.

6. Длабоки цисти

6 знаци дека вашите акни можеби укажуваат на посериозен здравствен проблем

Ако имате длабоки акни, иако не се необични, можеби ќе треба да ги лекувате. Овој вид акни кои се појавуваат кај возрасните жени често бараат посебен пристап, како антиандрогена терапија со препишани лекарства. Овие воспаленија се длабоки, бавно зараснуваат и оставаат лузни или црвенило. Се влошуваат околу периодот кога жената ја очекува менструацијата.

Погледнете и кои се митовите за акните кои нема да ви помогнат да се ослободите од нив.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар