6 знаци дека вашето тело старее пребрзо

6 знаци дека вашето тело старее пребрзо

Научниците веруваат дека стареењето најмногу зависи од надворешните фактори, а не од генетиката. Само 20% од влијанието ѝ припаѓа на генетиката. Според едно неодамнешно истражување, некои луѓе стареат 3 пати побрзо, додека за други 1 биолошка година е еднаква на 16,5 календарски месеци. Биолошката возраст има големо влијание на изгледот, па поради ова некои луѓе со иста возраст изгледаат постаро или помладо. Погледнете кои се знаците што покажуваат дека вашето тело старее пребрзо.

1. Екстремно сува кожа

6 знаци дека вашето тело старее пребрзо

Знаците за стареење на кожата обично се појавуваат на 25 години, но некогаш и порано. Со текот на времето овие знаци стануваат поочигледни. Брзата промена на кожата во споредба со луѓе на иста возраст може да биде знак за прерано стареење. Ако вашата кожа постојано е сува, има дамки и брчки, проблемот најверојатно е поврзан со ендокриниот систем. Покрај хормоналните проблеми, состојбата на кожата е под влијание и од нездравите животни навики. Лоша исхрана, заборавање на заштита од сонце, стрес – сите овие фактори го забавуваат обновувањето на кожата.

Како да го спречите: Хранете се здраво и внесувајте многу зеленчук и храна богата со незаситени масти како јаткасти плодови, зеленчуково масло и семки.

2. Вдлабување на супериорниот сулкус

6 знаци дека вашето тело старее пребрзо

Тенката кожа околу очните капаци е најподложна на штетните внатрешни и надворешни фактори како замор, недостаток од сон, стрес и УВ зраци. Поради ова, првите знаци на стареење се појавуваат во овој предел. Вдлабувањето може да направи да изгледате значително постари. Постојаното работење на мускулите околу очите води до намалување на еластичноста на кожата. Таа се опушта и се растега, а новите празни места се исполнуваат со сало. Овој проблем е неизбежен за постарите луѓе, но ако промените почнат да се појавуваат пред 40-тата година, може да укажува на проблем со внатрешните органи и забрзано стареење. Понекогаш луѓето имаат вдлабување во овој предел поради анатомијата на лицето и тоа нема никаква врска со стареењето.

Како да го спречите: Спијте доволно, избегнувајте солена храна, пијте повеќе вода и секојдневно негувајте ја кожата околу очите.

3. Проблеми со менструалниот циклус

6 знаци дека вашето тело старее пребрзо

Нередовниот менструален циклус може да биде знак за рана менопауза. Нормална возраст за почеток на менопауза е од 46 до 57 години. Ако се случи пред да наполните 40 години, може да биде знак за прерано стареење на внатрешните органи. Симптомите на рана менопауза се треска, несоница, напади и постојано променување на расположението.

Како да го спречите: Редовно посетувајте го вашиот гинеколог и третирајте ги воспаленијата на внатрешните органи. Земајте и доволно витамини. Често раната менопауза е поврзана со хируршки зафати на женските внатрешни органи. Ако забележите каков било симптом, најдобро е да се консултирате со лекар.

4. Физичка слабост

6 знаци дека вашето тело старее пребрзо

Ако качувањето скали, пешачењето или која друга секојдневна активност ви предизвикува тешкотии, причината е што не сте во форма и не вежбате редовно. Исто така тоа може да биде знак за разлика помеѓу вашата „официјална“ и биолошка возраст. По 40-тата година волуменот на мускулите почнува да се намалува. Ова се природни процеси кои можат да се забават со редовно вежбање, како и да се забрзаат со запоставување на физичката активност.

Како да го спречите: Одберете активности кои ви се допаѓаат. Тоа може да биде јога, танцување, возење велосипед… Обидете се секој ден да бидете активни – наместо лифт користете скали, или пак одете пешки наместо со автобус.

5. Забележливо опаѓање на косата

6 знаци дека вашето тело старее пребрзо

Губењето 50 до 125 влакна дневно се смета за нормално. Но ако забележувате сè повеќе и повеќе влакна на вашиот чешел, најдобро е да посетите лекар. Најчесто раното ќелавење е поврзано со хормонални проблеми. Со забрзаното стареење може да се забележи и губење на влакната на други делови од телото.

Како да го спречите: Одберете ги правилните продукти за нега на коса, збогатете ја исхраната со омега 3 масни киселини и заштитете ја косата од сонце.

6. Проблеми со спиењето

6 знаци дека вашето тело старее пребрзо

Проблемите со спиењето не се секогаш поврзани со стареењето, но се резултат на влијанието на фактори поврзани со стареењето. Луѓето постари од 60 години можат да искусат некои чести промени кога станува збор за циклусот на спиење. Може да им биде потешко да заспиваат и да се будат порано. Ова се случува поради покаченото ниво на кортизол кој предизвикува анксиозност во текот на спиењето.

Како да го спречите: Јогата или пливањето можат да ви помогнат да се справите со стресот. Подобро е да читате книга пред спиење отколку да гледате телевизија или да седите со телефонот.

Погледнете ги и овие едноставни начини со кои ќе го забавите стареењето.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар