6 знаци дека таа очекува да ја запросите

6 знаци дека таа очекува да ја запросите

Ако сте во врска со девојка со која можете да ја замислите својата иднина, тогаш постои голема веројатност дека и таа на истиот начин гледа на вас. Ако сака таа иднина да ја обезбеди преку стапување во брак, овие шест знаци ќе ви укажат на тоа дека таа е спремна на таков чекор и чека да ја побарате за жена.

6 знаци дека таа очекува да ја запросите

1. Сака да зборува за заедничката иднина

Кога зборува за идните планови не кажува што таа ќе направи, туку што вие ќе направите. Очигледно дека не мисли да се одвои од вас. Ако зборува за заеднички одмор по пет години или ви кажува каков тип на дневна соба сака во истиот период, таа веќе ви дава знак.

2. Зборува за деца

Не за децата на сестрите и другарките и каква тетка е, туку за деца кои таа сака да ги роди. Девојките кои се спремни да бидат мајки честопати зборуваат за тоа какви деца сакаат да имаат, какви имиња ќе им стават или каков татко би бил нивниот партнер.

3. Иницира фамилијарни дружења

Сака да се дружи со вашето семејство и се труди добро да се сложува со нив. Истовремено се обидува да ве направи што е можно поблизок со нејзиното семејство и покажува колку ѝ значи тоа што работите на ова поле одат мазно.

4. Зборува за свадби

Не само што сака да оди по свадби, туку постојано има мислење и за тоа како ќе изгледа секој детаљ од нејзината. Знае каков фустан сака, каква музика треба да се свири и сл. Можете да бидете сигурни дека вие сте најважниот детаљ во нејзината фантазија.

5. Постојано сте опкружени со брачни парови

Таа ужива да се дружи со брачни парови и да разговара на темите кои ним им се интересни и сака да биде како нив. Можеби и нема избор затоа што повеќето од другарките веќе се омажиле, но и во таков случај сигурно мисли на брак со оглед на притисокот кој го трпи од нив.

6. Нејзината сестра или другарка „невнимателно“ ви дава знаци

Ако таа очекува да клекнете на колена и да ја побарате за жена, сигурно за тоа веќе има зборувано со сестра ѝ или со најдобрата другарка. Тие онака „невнимателно“ ќе ви дадат по некој знак за нејзините очекувања или ќе почнат да ве задеваат за тоа кога конечно ќе се земете. Можете да бидете сигурни дека и вашата девојка стои зад тоа и очекува да ја запросите.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

Остави коментар