6 знаци дека стравот не ви дозволува да го живеете вашиот живот во целост

6 знаци дека стравот не ви дозволува да го живеете вашиот живот во целост

Стравот е базична човечка емоција. Неговата цел е да ни даде знак кога се соочуваме со опасност и да нè подготви физички да го постигнеме она што е потребно за преживување. Во дел од најтешките ситуации, стравот може да биде еден од нашите највитални ресурси. Но, како што Хелен Келер вели, Избегнувањето опасност, на долг план, воопшто не е побезбедно од целосната изложеност.

6 знаци дека стравот не ви дозволува да го живеете вашиот живот во целост

Во денешно време, стравот повеќе ни прави проблем отколку што ни помага. Ние живееме во околина која се напојува од страв. Медиумите манипулираат со стравот со цел да постигнат повисок рејтинг. Производителите го користат стравот за да продаваат продукти. Политичарите со страв собираат гласови, религиозните лидери со страв ги чуваат своите следбеници, додека пак, родителите исто така со страв се обидуваат да ги чуваат своите деца од лошо однесување. Стравот целосно ни го презема животот, можеби дури и повеќе отколку што ги контролирал животите на нашите пештерски предци.

Па, кој е примарниот мотивациски фактор во вашиот живот? Погледнете ги следниве 6 знаци дека вие можеби се напојувате од страв, наместо од слобода…

1. Стравот го гледа само негативниот исход. И покрај тоа што секој избор има и лоша и добра страна, некој кој е под контрола на стравот постојано го идентификува само најлошото што може да се случи. Имате можност за состанок на слепо? Сигурно ќе ви биде здодевно. Имате можност за нова работа? Можеби не сте доволно квалификувани бидејќи ви изгледа премногу тешко. Исто како зависникот од коцкање кој секогаш гледа богатство во своите карти, така и стравот гледа само неуспех и болка.

2. Стравот не ви дозволува да сопрете и добро да размислите. Тој ви вели да реагирате веднаш. Доколку мамут бркал некој од нашите рани предци, тогаш овој одговор можеби би можел да му го спаси животот. Но, денес, кога ќе добиете пониска понуда за вашата куќа или пак, кога треба да одлучите која медицинска процедура да ја одберете, многу е подобро доколку направите еден чекор напред и подетално ја анализирате целата ситуација.

3. Стравот ви вели да избегнувате сè што е ново и непознато. Порано стравот го користел овој механизам со цел да ни помогне да избегнеме вистински закани за нашето преживување, но изгледа дека денес алармот се појавува секој пат кога ние ќе направиме половичен чекор надвор од нашата удобна зона. Стравот преферира да останеме во познати, понекогаш дури и болни ситуации, наместо да зачекориме кон непознатото. На пример, стравот може да ве натера да останете во лоша врска или пак, на работно место во кое нема напредок.

4. Стравот ве ограничува и не ви дозволува да се развивате. Стравот ни вели да не се смееме на странци, ниту пак да го кажеме нашето мислење гласно. Наместо да ги туркате границите, стравот ве охрабрува да ги избегнете сите потенцијални неуспеси и одбивања. На пример, вие не треба да ја напишете таа книга бидејќи може да биде неуспешна, не треба да одите на тој состанок бидејќи можете да бидете повредени или пак, не треба да го барате тоа унапредување бидејќи ќе бидете одбиени. Ако стравот го имаше последниот збор, вие немаше никогаш да станете од кревет и да го постигнете она што навистина можете да бидете.

5. Стравот ја попречува вашата интуиција. Личностите кои носат најдобри одлуки секогаш ѝ веруваат на својата интуиција. Но, кога стравот е присутен, не постои простор и за појава на ова мало гласче чија цел е да ве води низ животот. Кога сте консумирани од страв, скоро невозможно е да се препознае интуицијата.

6. Стравот ве спречува да направите било каква одлука. Една мудра личност еднаш кажала, Одберете го патот или патот ќе ве одбере вас. Стравот е коренот кај оние личности кои се плашат да носат одлуки. И покрај тоа што поголемиот број од луѓето не би „смрзнале“ пред одредена одлука, стравот ќе ги тера што е можно повеќе да ги избегнуваат одлуките. Во тие ситуации, да не се донесе одлука станува одлука!

Ако стравот ги диктира вашите одлуки, што треба да сторите?

Најпрво, обидете се да откриете од каде доаѓа вашиот страв. Дозволете си доволно време и простор за да ги чуете и другите мисли во вашата глава, а не само оние кои се предводени од стравот. Размислете и да направите листа од позитивни и негативни страни во дадена ситуација, а потоа кога подобро ќе размислите за нештата, обидете се да ја донесете вашата одлука.

Доколку стравот продолжи и чувствувате како тој да ви го отежнува животот, обидете се да побарате професионална помош со цел да научите како да се справувате со него. Имате една шанса за живот, па токму затоа не би сакале да ги носите вашите одлуки под влијание на стравот. Вие треба да чувствувате слобода во вашите изборите.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар