6 знаци дека сте зависни од нешто

6 знаци дека сте зависни од нешто

Нема ништо лошо во тоа да се ужива во нешто, но било тоа да е играње видео игри, јадење или гледање телевизија, постои тенка линија помеѓу здравото уживање во нешто и зависноста. Овие шест знаци ќе ви помогнат да сфатите на која страна од линијата се наоѓате.

6 знаци дека сте зависни од нешто

1. Важност

Колку она што го правите ви е важно во животот? Ако тоа е играње видео игри, дали трошите повеќе време на играње видео игри отколку на други активности како дружење или спорт? Зависниците придаваат апсолутен приоритет на помалку важни работи во споредба со оние кои носат најголема радост во животот.

2. Реакција на активноста

Дали вашата активност прави да се чувствувате подобро и ви носи олеснување, додека нејзиното одложување и неправење ве фрустрира? Исто како што алкохоличарите се фрустрирани кога немаат алкохол на дофат?

3. Опседнатост

Ако вашата активност секогаш трае подолго отколку што првично сте планирале, можеби станува збор за зависност. Секогаш велите „само уште малку“ и завршувате јадејќи и играјќи видео игри со часови, чувствувајќи потреба никогаш да не престанете со тоа. Во таков случај не сте на добар пат.

6 знаци дека сте зависни од нешто

4. Немир при престанувањето

Зависниците се чувствуваат непријатно кога се спречени во правењето на она што сакаат да го прават. Како што пушачите се вознемирени кога не можат да запалат цигара, така и оние што се зависни од гледање телевизија не се чувствуваат убаво кога далечинското не им е на дофат.

5. Запоставување на обврските

Зависниците обично се во ситуација во која поради својата „страст“ не се во можност да одговорат на секојдневните обврски во животот. На пример, човек кој е зависен од играње видео игри може да ги запостави врските со партнерот и пријателите, послабо да ги извршува домашните обврски, па дури и да спие помалку.

6. Постојано враќање кон истата навика

Зависникот може некако да согледа дека тоа што го прави му нарушува некои работи во животот, но пак завршува правејќи ги истите работи. Тие велат дека „од утре завршуваат со ова“, но до утре секако ќе се појават причини зошто тоа да не биде така. Сите тие причини се поврзани со зависноста.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

Остави коментар