6 знаци дека сте алергични на сонце - Part 2

6 знаци дека сте алергични на сонце

Ако се сомневате дека имате алергија на сонцето, тогаш дознајте и кога најчесто се појавуваат овие симптоми со цел да направите поврзаност…

На почетокот на пролет или лето

6 знаци дека сте алергични на сонце

Осипите е тешко да се дијагностицираат бидејќи можат да бидат предизвикани од многу нешта. Сезоната во која се појавил осипот ќе ви открие дали е резултат на алергија на сонце.

По необично изложување на сонце

6 знаци дека сте алергични на сонце

Ако отидете на патување на место што е многу посончево од вашиот дом и ако добиете осип, најверојатно станува збор за алергија од сонце.

Симптомите се појавуваат по 4 до 6 часа изложеност на сонце

6 знаци дека сте алергични на сонце

Осипите најчесто се појавуваат 4 до 6 часа од изложеноста на УВ зраци. Но, ова може да варира. Понекогаш поминуваат денови пред да се појави осипот.

Симптомите сами исчезнуваат по неколку денови или недели

6 знаци дека сте алергични на сонце

Добрите вести се што осипите нема да траат цело лето. Вашата кожа треба да се навикне на поинтензивната сончева светлина во период од неколку денови или недели, па нема потреба цело лето да седите дома.

Третман

6 знаци дека сте алергични на сонце

Алергијата на сонце е лесна за лекување. Можете да користите стандардни апчиња како и за секој осип.

Превенција

6 знаци дека сте алергични на сонце

Најдобриот начин да ја избегнете алергијата е да се заштитите од директна сончева светлина. За жал заштитната крема за сонце нема да ве заштити од алергијата.

Ризични фактори

6 знаци дека сте алергични на сонце

Ако имате светла кожа, ризикот за алергија од сонце е поголем. Исто така голема е веројатноста да сте алергични ако некој друг од семејството ја има алергијата. Поради некоја причина, алергијата е почеста кај жените.

Дознајте и кои се скриените симптоми на сезонските алергии.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар