6 знаци дека сте алергични на сонце
Постојат неколку реакции на кожата кои се појавуваат откако ќе ја изложите на директна сончева светлина. Алергијата на сонце е токму тоа и е многу почеста отколку што мислите. Таа се појавува кај 10% до 15% од луѓето. Постојат неколку симптоми кои се резултат на алергијата од сонце, па ако сте ги забележале и кај вас, можеби е време да се консултирате со доктор.
1. Црвенило
Како и многу други алергиски осипи, и во овој случај настанува црвенило. Ова најчесто се случува на деловите кожа коишто се покриени во текот на зимата, како раце, нозе, гради и врат.
2. Чешање, печење или болка
Разни луѓе различно ја искусуваат алергијата од сонце. Некои изјавиле дека толку многу ги чешала кожата што се буделе сред ноќ. Исто честа појава е и печењето или болката под кожата.
3. Мали израстоци на кожата
Алергијата од сонце најчесто се манифестира во форма на мали бели или светли израстоци кои се густо распоредени. Исто се појавува и црвенило кое е малку отечено.
4. Лупење на кожата или крвавење
Посилната реакција може да резултира со толку сува кожа што ќе почне да се лупи. Понекогаш ситуацијата може многу да се влоши и да дојде до крвавење.
5. Меури
Кај некои осипот е во форма на меури. Алергијата на сонце не е всушност алергија, туку реакција на сончева светлина, но го добила името токму поради појавата на меурите.
6. Осип што наликува на убод
Последната реакција што може да се појави од сонцето наликува на убод од инсект. Бидејќи понекогаш станува збор само за убод, најдобро е да го посетите вашиот лекар.
На следната страница прочитајте и кога се појавуваат овие симптоми…