6 знаци дека се впуштате во погрешен брак

6 знаци дека се впуштате во погрешен брак

Постојат многу знаци кои можат да ви укажат на тоа дека можеби правите грешка со стапувањето во брак, а кои се однесуваат пред се на односот помеѓу вас и партнерот. Психологот Кристин Мајнеке издвојува шест такви знаци кои низ нејзината практика се докажале како некои кои немаат заедничко со здрава љубовна врска и секогаш водат кон лош брак.

6 знаци дека се впуштате во погрешен брак

Зависност од дрога или алкохол

Добро е познато дека бракот со алкохоличар или зависник од дрога никако не може да биде добар. Тие немаат брачни партнери, туку заложници. Ако алкохоличарот успее да ве изманипулира, вашето друштво и љубов ќе му бидат само средство за избегнување на природните последици од неговото деструктивно однесување и можност да го избегне напорот на откажувањето од алкохолот.

Емоционално насилство

Свеста за постоењето на емоционалното насилство во последно време расте и сè повеќе луѓе, пред сè жени, се решаваат да ги избегнат луѓето кои се штетни за нив. За жал, има многу кои фантазираат дека нивната љубов ќе го смени партнерот, но наместо тоа стануваат нивни жртви. Прочитајте повеќе за предупредувачките знаци на емоционално насилство на кои треба да внимавате.

Физички напад

Физичкиот е логична последица на емоционалниот напад. Такво нешто е неприфатливо. Единствен избор е да се напушти таквиот партнер навреме, сè друго е неразумно и на сопствена штета.

Несоодветно покажување гнев

Секој човек покажува агресивност и гнев, но некои тоа го прават на начин којшто деморализира, заплашува или манипулира. Таквите личности мора да се избегнуваат затоа што тоа е знак дека се неспособни да покажат емпатија. Пожелно е да се избере партнер којшто знае како да се контролира.

Љубомора и потреба за контрола

Наспроти владејачката заблуда, потребата за контрола и љубомората немаат врска со љубовта. На клиентите на Мајнеке кои имале проблеми со љубоморните партнери им било кажувано како да се облекуваат, каква фризура да носат, каде да излегуваат, а каде не, па дури им било забранувано да се дружат со некои луѓе. Тоа не е љубов.

Избегнување одговорност

Некои луѓе според бројот на годините се возрасни луѓе, но не се доволно созреани за својата возраст. Ретко кога сами заработуваат и неодговорно се однесуваат со парите. Очекуваат секогаш некој да ги чека, а потоа и да ги забавува. Немаат некој позначаен успех зад себе поради емоционалната неспособност целосно да ја преземат одговорноста врз својот живот, што ги прави погрешен избор за стапување во брак.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

  1. Sabina Reply

    Ekstra dobar tekst.
    Navistina poucno.

Остави коментар