6 знаци дека се движите кон срцев удар

6 знаци дека се движите кон срцев удар

Живееме во брз свет, каде што ретко кога имаме време да се наспиеме, а уште помалку да обрнеме повеќе внимание на нашето здравје. Но, тоа мора веднаш да се смени, бидејќи едноставно не вреди да го ризикуваме нашиот живот. Доколку се пронаоѓате во следниве знаци, тогаш без сомнение треба да размислите за начинот на кој го водите вашиот живот и да почнете да правите промени уште денес, доколку сакате да се заштитите од сигурниот срцев удар кој следува во вашата иднина.

6 знаци дека се движите кон срцев удар

1. Се разлутувате дури и за најмалите нешта

Имате тенденција да се претворите во Халк кога сте лути? Овие огнени емоции можат драстично да го зголемат вашиот ризик за срцев удар. Истражувачите од Универзитетот во Австралија тестирале 313 пациенти кои доживеале срцев удар веднаш по силно разлутување. Тие откриле дека пациентите имале 8,5 пати поголема шанса да доживеат срцев удар во 2-та часа кои следуваат по разлутувањето. Колку повеќе сте лути, толку поголеми се шансите за срцевиот удар.

2. Поголемиот дел од времето го поминувате пред екран

Да, тоа ја вклучува и вашата работа на компјутер. Една студија од Универзитетот во Лондон ни покажува дека луѓето кои гледаат телевизија или работат на компјутер 4 или повеќе часа секојдневно, имаат 125% поголем ризик од развивање кардиоваскуларна болест, како срцевиот удар. Долгите периоди поминати во седење ги трошат резервите на липопротеинската липаза во телото, ензим кој ја согорува маста и спречува затнување на артериите. Доколку го поминувате поголемиот дел од денот заглавени зад маса, обидувајте се на секои 20 минути да правите кратка прошетка или пак, почнете да работите на висока маса крај која потребно е да стоите. Вие можете да согорите и 30% повеќе калории кога стоите, отколку кога седите.

3. Спиете помалку од 6 часа секоја вечер

Многу возрасни личности се обидуваат да ги достигнат препорачаните 7 до 9 часа сон секоја вечер, но постојаното намалување на овие граници може да биде смртоносно. Една студија објавена во „Scandinavian Journal of Work, Environment & Health“ открила дека мажите во Јапонија кои спиеле помалку 6 часа во текот на вечерта имале и до 5 пати поголема шанса да доживеат срцев удар од оние кои спиеле 7 до 9 часа. Уште една студија објавена во медицинското училиште Јичи во Точиги, Јапонија, покажува дека истиот ризик се случува и кај жените кои спијат помалку од 6 часа секоја вечер.

4. Живеете во област со многу смог

Смогот е исто толку лош за вашето срце, колку што е и за вашите бели дробови. Истражувачите користеле редовни мерења на загаденоста на воздухот во Јужен Бостон со цел да детерминираат колкава изложеност на штетните материи влијае врз пациентите кои доживеале срцев удар. Тие откриле дека изложеноста на висока концентрација загаден воздух може да го зголеми ризикот за срцев удар и до 48% во 2-та часа пред пациентите да почнат да ги чувствуваат првите симптоми. Ризикот се зголемувал и до 69% кога луѓето се изложуваат на високо ниво загадување на воздухот за 24-те часа пред појавата на симптомите.

5. Разведени сте

Разводот може навистина да предизвика болка во срцето. Истражувачите од училиштето за медицина во склоп на Универзитетот Дјук спровеле 18-годишна студија која вклучувала скоро 16.000 мажи и жени помеѓу 45 и 80 години кои барем еднаш биле во брак. На секои 2 години, истражувачите го проценувале нивниот брачен статус, како и општото здравје. Разведените жени имале 25% поголема шанса да доживеат срцев удар отколку оние кои останале во бракот. Жените кои имале 2 или повеќе разводи, имале и 77% поголема шанса да страдаат од срцев удар. Што се однесува до мажите, ризикот останал ист, без разлика дали биле во брак или разведени за прв пат. Но, ако постојат 2 или повеќе развода, шансите за срцев удар се зголемуваат на 30%.

6. Живеете во област со екстремни температури

Студиите ни покажуваат дека и екстремното ладно и екстремното топло може да ги изложи луѓето на ризик од срцев удар. Со помош на податоците од една студија која истражувала срцеви удари во Ворчестер, Масачусетс, научниците откриле дека температурата пониска од -8 степени Целзиусови, може да го зголеми ризикот и за 36% во 2-та дена пред појава на првите симптоми за срцев удар. Од друга страна пак, британските истражувачи откриле дека откако температурата ќе достигне 20 степени, со секое наредно нејзино зголемување, се зголемува и ризикот за срцев удар.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар