6 знаци дека премногу спиете

6 знаци дека премногу спиете

Ви се ли има случено да се разбудите од долг сон и да се чувствувате ужасно? Без разлика дали се чувствувате навистина жедно, ве боли главата или телото ви е вкочането, има причина зошто вашето тело реагира така после долг сон. Бидете сигурни дека вашето тело ќе ве предупреди ако спиете премногу.

6 знаци дека премногу спиете

Иако најчесто се зборува за недоволно спиење, и спиењето премногу може да биде сериозен проблем. Постои нарушување наречено хиперсомнија од кое страда околу 2% од населението. На овие луѓе им се потребни 10 до 12 часа сон за да се чувствуваат одморено. Погледнете кои се знаците кои покажуваат дека поминувате премногу време во спиење.

1. Емоционално се чувствувате лошо

Претераното спиење и желбата да останете во кревет може да бидат знаци дека минувате низ тежок период. Исто така можат да бидат и знак за депресија. Спиењето и депресијата се две нешта кои одат заедно, па размислете дали вашето расположение и распоред на спиење се поврзани. Всушност, постои истражување кое покажало дека додека недостатокот од сон може да има лошо влијание на физичкото и менталното здравје, и претераното спиење може да предизвика чувство на депресија.

2. Имате главоболка кога ќе се разбудите

Врската помеѓу спиењето и главоболката не е целосно јасна, но со сигурност се повторува. Утринските главоболки може да бидат поврзани со начинот на кој функционира вашиот мозок за време на спиењето или може да покажуваат дека е потребно да јадете пообилен појадок и да пиете повеќе вода.

3. Се чувствувате изморено и покрај долгиот сон

Ако се чувствувате поспано иако сте спиеле доволно, можеби треба да скратите 1 или 2 часа од спиењето. Заморот и летаргијата веројатно се поврзани со намалената активност и движење во текот на денот. Па, ако намалувањето на часовите за спиење не помага, обидете се секој ден да се движите повеќе.

4. Имате болки во телото

Ви се има ли случено да се разбудите вкочанети? Ако ова ви се случува премногу често, можно е да спиете премногу. Истражувањата покажале дека претераното спиење може да ги зголеми воспаленијата во телото, особено кај жените, а ова ви предизвикува болка.

5. Постојано заборавате

Сте забележале намален фокус или заборавање најобични работи? Претераното спиење е поврзано со намалување на когнитивните способности и способностите за размислување. Некои експерти за спиење тврдат дека 7 часа сон се најдобри за вашето тело и ум.

6. Го преспивате алармот речиси секое утро

Ова е очигледно, но ако секое утро ви е тешко да станете иако сте спиеле 8 часа, можеби е најдобро да побарате професионална помош.

Прочитајте и како влијае претераното спиење на вашето здравје.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар