6 зимски модни комбинации со вашето омилено здолниште
За време на зимата никој не сака да се „извлече“ од топлите и удобни панталони и џемпери, од зимските јакни и детали, но кога ќе ги погледнете овие модни комбинации, сигурни сме дека веднаш ќе го побарате вашето омилено здолниште и ќе излезете со него иако надвор температурата е под нулата.
1. Искористете ги сите актуелни трендови, односно спојте ги во една модна комбинација. Кратко здолниште со А крој, заедно со едноставна, тесна ролка, совршено ќе изгледаат со долги чизми, кои одат над колената, а тоа е еден од моментално најактуелните трендови. Со бунда, крзнен елек или капут, ќе добиете совршен изглед.
2. Може да искористите и некое здолниште кое сте го носеле во лето. Со дебели хулахопки под него, блуза, бунда, и чизми ќе имате изглед кој ќе им се допадне на сите, а најнапред вам.
3. Здолништата со А крој совршено се комбинираат со зимските детали, како што се капите, ракавиците и големите шалови од волна, па немојте да ги разделувате во комбинациите кои ќе ги носите оваа зима. Иако можеби не изгледа така, зимските детали и здолништата прават еден навистина убав спој.
Погледнете уште 3 модни комбинации на следната страница…