6 здравствени состојби кои често ги мешаме со други болести
Понекогаш секој од нас се обидува да биде лекар и лесно помешува една болест со друга. Во реалноста, дури 20% од сериозните медицински состојби се погрешна дијагноза. Погледнете кои се најчестите болести што погрешно се дијагностицираат и кои се разликите помеѓу нив.
1. Инфаркт и паничен напад
Понекогаш е навистина тешко да се разликуваат инфарктот и паничниот напад бидејќи на прв поглед, нивните симптоми се идентични. Острата болка често укажува на инфаркт. Во многу случаи, оваа болка се појавува само во левата рака.
Луѓето кои имаат инфаркт страдаат од забрзано дишење и не паничат. Но, можно е да се чувствуваат многу исплашено. Претходно можно е да почувствуваат главоболка и тресење. Кај паничен напад, личноста има чувство на губење контрола над нервите и умот.
Доколку имате паничен напад, вашето тело е напнато, па можно е да се појави и болка во мускулите.
2. Менингитис и обична настинка
Менингитисот е воспаление на меката мембрана околу мозокот и ‘рбетниот столб. Ова е опасно заболување и може да предизвика оштетување на мозокот. Поради тоа, од голема важност е да се дијагностицира рано и правилно. Честите симптоми како треска, студени дланки, болка во мускулите, главоболка и замор можат да ве излажат.
Болеста често се меша со обичната настинка бидејќи симптомите се премногу слични. Затоа, обрнете внимание на следниве симптоми: здрвен врат, тресење, дамки и осипи на кожата и чувствителност на силна светлина.
3. Туберкулоза и обична настинка
Туберкулозата сè уште е една од најсмртоносните болести во светот. Кај оваа болест, бактеријата обично ги напаѓа белите дробови, но може да нападне и други делови од телото. Туберкулозата се разнесува низ воздухот, кога заболената личност кашла, кива или зборува. Но, температурата на личност со туберкулоза не се качува многу и најчесто се покачува навечер.
Симптомите како замор, треска и ноќно потење можат да ве натераат да помислите дека имате настинка. Кај туберкулозата се појавува и кашлање кое трае 3 или повеќе недели, искашлување крв, болка во градите при дишење и кашлање и ненадејно губење на тежината.
4. Рак на дојката и маститис
Речиси половина од пациентите со рак се дијагностицирани предоцна. Речиси четвртина од пациентите дознаваат за нивната болест кога таа е веќе во напредна фаза. А доколку некои симптоми се повторуваат подолг период, тогаш не станува збор само за ослабен имунитет.
Симптомите на рак се слични со оние за многу други болести. На пример, воспалителниот рак на дојката често се меша со маститис. Можете да имате симптоми слични на маститисот како иритација на кожата, црвенило, болка и топлина во градите. Доколку станува збор за рак, обрнете внимание и на чешање на градите, израстоци на или во градите и реакции на брадавиците.
5. Воспаление на слепо црево и цисти во десниот јајник
И двете состојби се опасни и бараат правилна дијагноза. И двете можат да предизвикаат силна и ненадејна болка на десната страна од стомакот. Во овој случај немојте да барате симптоми на Интернет, туку веднаш посетете доктор.
Двете состојби имаат слични симптоми како повраќање и треска. Но во случај на цисти, можно е да се појави нарушување на менструалниот циклус. Доколку пак станува збор за воспалено слепо црево, тогаш ќе имате тврд стомак и проблем со испуштање гасови.
6. Лупус и други болести
Можете да имате лупус целиот живот и да не бидете свесни за тоа, бидејќи симптомите се многу различни. Често изгледа како само да имате ослабен имунитет поради кој настинувате. На лекарите понекогаш им се потребни години да ја дијагностицираат болеста бидејќи едноставно изгледате разболено од други мали причини.
Важно е да знаете дека доколку имате болки во мускулите и зглобовите, а настинките се појавуваат често, најдобро е да одите на подетален преглед. Оваа болест може да го нападне секој дел од телото, вклучувајќи ги и внатрешните органи. Исто така обрнете внимание на симптомите како чешање на зглобовите, замор, болка во градите при длабоко дишење и паѓање на косата.
Погледнете и кои се психолошките нарушувања кои најчесто се погрешно дијагностицирани.