6 здрави ментални навики кои можат да ви помогнат да бидете попродуктивни во 2022 година
Сигурно се прашувате како да останете продуктивни покрај сите обврски и брзиот начин на живеење. Во продолжение прочитајте ја нашата листа со 6 здрави ментални навики кои ќе ви го подобрат животот во 2022 година.
1. Започнете да пишувате дневник
Посветете се пред сè на запишување на позитивните работи што ви се случиле во текот на денот. Без разлика дали се работи за успех на работа, или некакво едноставно задоволство, вреди да го запишете на хартија. Пишувањето дневник навечер пред заспивање ќе ви одземе само неколку минути, а од друга страна може значително да го намали стресот и да го подобри квалитетот на спиењето.
2. Вдишете длабоко
Секогаш кога чувствувате дека сте под стрес, вдишете длабоко и повторете ја оваа вежба пет пати. Со менување на шемата на дишење можете да ги намалите стомачните болки кои честопати се манифестираат како резултат на стрес.
3. Поминувајте повеќе време надвор
Дури и кога надвор е ладно обидете се да поминувате повеќе време надвор на свеж воздух, а тоа благотворно ќе делува врз вашето тело и умот. Истовремено, прошетката во природа може да ви го подобри расположението, особено по завршувањето на стресниот работен ден.
4. Вклучете се во волонтерски активности
Истражувањата покажале дека волонтирањето може значително да ги намали стресот, анксиозноста и депресијата.
5. Најдете време за медитација
Дури и во деновите кога сте најмногу зафатени обидете се да одвоите пет или десет минути за медитацијата. Медитацијата придонесува за зголемување на сивата материја во мозокот и ги намалува негативните ефекти од промените на расположението.
6. Пијте повеќе зелен чај
Студиите покажале дека зелениот чај може да ја намали анксиозноста, но и да ги зголеми фокусот и концентрацијата.
Откако ги прочитавте нашите предлози од 6 здрави ментални навики за поголема продуктивност, можеби ќе сакате да ја прочитате и нашата листа со 5 утрински тренинзи за поголема продуктивност.
Извор: huffpost.com