6 замени за мајонезот од кои нема да се здебелите
Мајонезот е една од оние намирници кои ги сакате или ги мразите. Без разлика во која од овие две категории спаѓате, мајонезот има многу калории и масти и подобро е да се одбегнува.
Верувале или не, една лажица мајонез содржи 100 калории и 12 грама масти. Сепак, доколку внимавате на тежината или сакате да се храните поздраво, постојат замени за мајонезот кои може да ги консумирате.
1. Авокадо
Авокадото содржи здрави масни киселини, антиоксиданси и нутриенти. Исто така, тоа има речиси 75% помалку калории од мајонезот, а многумина би го претпочитале вкусот на авокадо во сендвич или салата отколку оној на мајонез. Направете намаз од авокадо за да го замените мајонезот.
2. Грчки јогурт
Овој јогурт, кој е погуст од обичниот јогурт на кој што сме навикнати, е одличен начин да се одбегнат несаканите калории. Може да го измешате со туна или салата од пилешко или јајца за да добиете малку поразличен вкус.
3. Маслиново масло
Ова е уште една намирница која содржи многу добри масни киселини. Иако неговата текстура не е иста како онаа на мајонезот, сепак ќе го намалите внесувањето на калории доколку го консумирате во умерени количини.
4. Песто
Пестото е традиционален италијански сос кој се подготвува од босилек, пињоли и маслиново масло. Пестото е полно со витамини, антиоксиданси и минерали, па дури ќе се чувствувате добро што сте го додале во вашиот сендвич.
5. Сенф
Секогаш кога можете, заменете го мајонезот со сенф. Сенфот содржи значително помалку калории од мајонезот.
6. Хумус
Хумусот не го заменува целосно мајонезот во салатите, но е добар избор кога станува збор за сендвичите. Комбинирајте го со разни видови месо и зеленчук.
Доколку се решите да го отфрлите од исхраната, мајонезот може да го користите на други оригинални начини на кои веројатно не сте ни помислиле.