6 зачини што може да ги користите ако сте на кето диета
Луѓето најчесто го поврзуваат зборот „диета“ со невкусна храна, но само затоа што следите одреден план на исхрана, не значи дека вашите оброци не може да бидат вкусни. Ако сте навикнати да додавате разни сосови и преливи на вашите оброци, сигурно помислувате дека треба да се збогувате со сите овие вкусови кога започнувате одредена диета. Но, не е така. Всушност, кето диетата дозволува многу зачини кои не само што им даваат вкус на вашите јадења, туку имаат и здравствени придобивки.
Кето диета: Кои зачини се дозволени?
Кога купувате зачини, проверете го списокот со состојки на пакувањето. Изберете ги оние зачини кои се минимално обработени и во кои нема додадено шеќер или други засладувачи.
Сува зачини
Сувите растителни зачини им даваат вкус на јадењата, а во зависност од тоа што ќе готвите, можете да ги комбинирате. Некои растенија содржат малку повеќе јаглехидрати од други, но тоа треба да ве загрижи само ако планирате да додадете голема количина зачин во оброкот. Зачините во кои има малку јаглехидрати се босилекот, коријандерот, нането, циметот, ѓумбирот и мајчината душица. Ориганото, црвениот пипер и кимот имаат малку повеќе јаглехидрати, но може да се користат во мали количини.
Гарам масала
Оваа мешавина од индиски зачини е одличен начин да му додадете специфичен вкус на вашиот оброк. Може да се најде во форма на прав и паста, а главно се состои од мешавина од коријандер, ким, кардамон, црн пипер, цимет, индиски орев и каранфилче. Овој зачин може да се додаде во јадења со месо и риба, а е одличен додаток и во супи и чорби.
Тако зачин
Ако сакате малку посилен вкус, тако зачинот е одлична опција. Сепак, треба да се напомене дека купечкиот зачин содржи малку повеќе јаглехидрати, па дефинитивно е подобро да го направите сами. Измешајте чили пипер во прав, ким, блага пиперка во прав, лук во прав, оригано и црн пипер.
Кинеска мешавина од пет зачини
Слично на гарам масала, оваа слатко-лута мешавина на зачини се користи во кинески јадења. Кинеската мешавина на зачини вклучува комбинација на цимет, анасон, каранфилче, морач и сечуански пипер и се препорачува при подготовка на месо. Овие зачини одат добро со скара.
Адобо зачин
Овој латиноамерикански зачин се користи речиси за секое јадење, од пилешко и свинско месо, до риба и зеленчук. Адобо зачинот се состои од мешавина од кромид и лук во прав, оригано, сол и бибер, а понекогаш се додаваат чили пиперки за посилен вкус.
„Сè освен печиво“
Ако следите барем еден кулинарски профил на Јутјуб или на Инстаграм, веројатно сте чуле за зачинот „Сè освен печиво“ („Everything but The Bagel“). Тоа е мешавина од зачини кои обично се ставаат на печива – сусам, афион, сушен лук и кромид и морска сол.
Прочитајте кој зачин ги „убива“ сите лоши бактерии во храната.