6 вистини за животот кои ги учиме на потешкиот начин

6 вистини за животот кои ги учиме на потешкиот начин

Животот напати знае да биде многу непредвидлив. Колку и да се трудиме да бидеме подготвени, многу често работите доаѓаат сосема неочекувано. Вистина е дека сè се учи од искуство и секој нов ден е нова животна лекција. Ова се 6 вистини за животот кои сите ние најчесто ги учиме на потешкиот начин – од сопственото искуство.

6 вистини за животот кои ги учиме на потешкиот начин

1. Во секој од нас се крие добро и лошо „јас“. Доброто „јас“ е она што нè воведува во неволја.

Доброто „јас“ вели биди воздржан, стрпи се, биди смирен, тивок, почитувај ги правилата, почекај, остани на земја, внимавај… Додека лошото вели оди, бори се, викни гласно, прекршувај ги правилата… нè тера да бидеме смели и самоуверени, нè тера да ги признаеме чувствата и да го добиеме она што го сакаме макар и патем да треба да прекршиме многу правила.

Лошото во нас нè поттикнува да бидеме личности какви што навистина сакаме да бидеме, а доброто прави да ги премолчуваме желбите и да внимаваме на сечии чувства а најмалку на своите. Погледнете назад низ животот. Секоја пропуштена можност, непреземен чекор или страв од промена е резултат на доброто во вас кое не ви дозволило да му кажете на вашиот шеф каде му е местото или конечно да го баталите проектот кој ви одзема многу време, само за да не ги разочарате другите.

2. Секогаш кога ќе речете „јас не би издржал/а“, кажувате лага

Несреќи се случуваат. Едно е да го знаете ова, а друго е да го искусите на своја кожа. Сепак, кога ќе бидете сведок на нечие страдање, може да помислите дека вие не би издржале такво нешто. Не е точно. Човекот и сам не е свесен што сè е способен да издржи и преброди. Кога ќе сведочите на нечиј пат низ лош период во животот, не однесувајте се како никогаш да не може да ви се случи тоа вам, но никогаш и не помислувајте дека доколку ви се случи нема да можете да го поднесете. Ќе го пребродите лошиот период и ќе излезете како вистински херои. Секогаш бидете свесни дека она што нема да ве убие ве прави многу посилни.

6 вистини за животот кои ги учиме на потешкиот начин

3. Некогаш вистинскиот одговор е „не знам“

Во ред е. Не мора секогаш да го знаете одговорот буквално за сè во животот. Некогаш едноставно може да не знаете. Некогаш незнаењето и неизвесноста се многу повозбудливи и ви даваат простор за поголем оптимизам. Не знам каде ќе бидам за една година, што ќе правам, со што ќе се занимавам или како ќе заработувам. Но коцките ќе се наместат со тек на време, така што во ред е некој чекор да остане неиспланиран.

4. Нашите блиски се силни, но не се бесмртни

Обично почнуваме да вреднуваме нечие присуство откако ќе ја изгубиме личноста засекогаш. Не чекајте го тоа. Обрнете им внимание на вашите блиски, не заборавајте да им дадете до знаење колку ги сакате и колку ви значат.

5. Да, некогаш ќе мора да направите драстични промени во животот

Ништо не останува исто, сè се менува, во животот напати мора да правиме големи промени. Колку побрзо се помириме со тоа толку полесно ќе ни биде. Не те третираат правилно на работното место – собери храброст и напушти го, мислиш дека дебелината влијае негативно врз твоето здравје – промени го начинот на исхрана, твојот факултет од соништата е далеку од твојот дом – време е да го напуштиш безбедното гнездо. Промените се потребни, преземањето ризик е секогаш добро искуство, и некогаш едноставно треба да се осмелиме наместо подоцна да се каеме за пропуштените можности.

6 вистини за животот кои ги учиме на потешкиот начин

6. Љубовта не игра според правила

Може да се заљубите кога најмалку очекувате, во личност која не ви била ни на крај на памет, да започнете сериозна врска кога воопшто не сте планирале да го направите тоа, да имате дете во период во кој сте сакале да се посветите на кариера. Но, љубовта е непредвидлива. Колку повеќе кроите детални планови за вашата иднина, толку повеќе ја провоцирате да ги замеша прстите и да ви го промени животниот тек. Дозволете ѝ. Сепак, станува збор за љубов.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Слободното време го минува со голема шолја кафе и со добра книга во рака или пишувајќи го она што ѝ лежи на душата. Не може да поднесе неправда и негува емпатија кон луѓето. Како перфекционист опседнат да даде сè од себе, сонува да направи промена во светот околу неа. Креативна и желна за нови предизвици, со многу нови соништа секој ден, иако понекогаш плашлива од промена. По малку романтична со голема љубов кон англиските книжевни класици.

Поврзани содржини

Остави коментар