6 видови пластика кои треба да престанете да ги употребувате уште денес

6 видови пластика кои треба да престанете да ги употребувате уште денес

Со малите промени во нашиот живот и намалената употреба на пластика, ние можеме да направиме голема разлика за нашата околина. Во продолжение погледнете ги 6-те видови пластика кои треба да престанете да ги употребувате.

1. Сламки

(1)6-vidovi-plastika-koi-treba-da-prestanete-da-gi-upotrebuvate-ushte-denes-kafepauza.mk

Сламките за пиење се навистина непотребни. Само во САД секој ден се користат околу 500 милиони пластични сламки. Тие многу ретко завршуваат во корпите за рециклирање, а наместо тоа се фрлаат во морињата и океаните притоа загрозувајќи го морскиот свет. Навистина нема потреба да користите сламка за вашите пијалаци.

2. Пластичен прибор за јадење

(2)6-vidovi-plastika-koi-treba-da-prestanete-da-gi-upotrebuvate-ushte-denes-kafepauza.mk

Поголемиот дел од пластичниот прибор за јадење е направен од полистирен1. Овој вид пластика не може да се рециклира, па само создава нов отпад. Едноставно користете прибор за јадење за повеќе употреби, и одбивајте кога ќе ви понудат храна во пластичен сад.

3. Флаширана вода

(3)6-vidovi-plastika-koi-treba-da-prestanete-da-gi-upotrebuvate-ushte-denes-kafepauza.mk

Наместо да купувате вода која троши многу извори што не можат да се обноват, можете да носите шише кое постојано ќе си го полните. Одберете шише од нерѓосувачки челик. Во овој случај нема да бидете изложени на штетните хемикалии кои се наоѓаат во пластичните шишиња. Ќе си го подобрите и вашето здравје, и ќе правите добро за вашата околина.

4. Чаши за кафе

(4)6-vidovi-plastika-koi-treba-da-prestanete-da-gi-upotrebuvate-ushte-denes-kafepauza.mk

Многу од нас пијат кафе, па кога се брзаме секогаш го купуваме во хартиена чаша. Иако можеби изгледа дека хартиените чаши се лесни за рециклирање, реалноста е поинаква. Многу често овие хартиени чаши се обложени со пластика. Ова ја прави чашата поиздржлива, но има многу лоши последици за околината. Па зошто да не го испиете вашето кафе во кафетеријата, или пак да си понесете ваш сад кој можете да го користите многу пати?

5. Пластични четки за заби

(5)6-vidovi-plastika-koi-treba-da-prestanete-da-gi-upotrebuvate-ushte-denes-kafepauza.mk

Пластичните четки за заби се само уште еден вид пластика кој нема потреба да го користите. Инвестирајте во четка од природни материјали која ќе биде подобра и за вас и за вашата околина. Над 4,7 милијарди четки за заби кои нема да се распаднат се исфрлаат во отпадите и во океаните низ целиот свет.

6. Пластични кеси

(6)6-vidovi-plastika-koi-treba-da-prestanete-da-gi-upotrebuvate-ushte-denes-kafepauza.mk

Пластичните кеси ѝ штетат на природата на многу начини. Тие остануваат во почвата и испуштаат отровни хемикалии во неа. Голем дел од нив завршуваат и во океаните и го уништуваат морскиот свет, а за нивно производство потребни се ограничени природни ресурси. Исфрлете ги пластичните кеси од вашиот живот и инвестирајте во некоја платнена торба која ќе ја носите со вас кога ќе пазарувате.

Погледнете и како да го намалите загадувањето на водата.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар