6 видови облека што го кријат целулитот
Многу жени се во потрага по различни начини за да го сокријат својот целулит. Грозниот изглед кој најчесто се појавува на задникот, колковите, стомакот или бутовите може да се појави кај секого, без исклучок. И секако, тој е почест кај оние кои имаат повеќе килограми, но слабите девојки во никој случај не се исклучок.
Колку и да се обидувате да го намалите целулитот со различни креми, вежбање или начин на исхрана, доколку не успеете во вашите намери, постојат одредени видови облека што можат да ви помогнат. Па, погледнете какви парчиња облека би требало да изберете доколку се соочувате со овој грозен непријател.
1. Долна облека која го затегнува телото
Постојат многу видови долна облека кои може да ви помогнат да ги решите проблемите со целулитот, а кои се вклопуваат под речиси секој вид облека.
2. Хеланки
Ако мислите дека хеланките само ви го оцртуваат целулитот, тогаш добрите вести се дека не се сите хеланки исти, така што постојат голем број опции. Можеби ќе треба да вложите неколку денари плус, со цел да си обезбедите хеланки со повисок квалитет, но сепак, на крајот тоа ќе ви се исплати. Исто така, општо прифатено правило е секогаш да избирате црна или некоја потемна нијанса.
3. Некои видови бикини
Ако се чувствувате и самите свесни за својот проблем со целулитот, тогаш костумот за капење не треба да ви биде вашиот најголем непријател. Можете да изберете некои бикини во вид на шорцеви кои ќе ви обезбедат покриеност на вашиот задник и горниот дел на бутовите.
4. Модели на облека со дизајни
Не морате секогаш да носите едноставна и здодевна облека. Додека светлите бои може да направат да ви биде незгодно, некои парчиња облека со дезени може да ви бидат пријатели, прикривајќи ги вашите несакани дупчиња. Смелите геометриски форми или цветните дизајни ќе го пренасочат вниманието од проблематичните области.
5. Црни парчиња облека
Кога станува збор за прикривање на целулитот, црната боја не е добра само за хеланки, туку и за панталони, здолништа или фустани. Црната боја е позната по тоа што покажува послаба фигура и ги израмнува нерамнините, особено во колковите и областа на задникот.
6. Хулахопки
Сигурно помислувате дека хулахопките се последна опција која може да ви го сокрие целулитот. Но, пред да ги отфрлите од вашиот ум, погледнете подетално на тоа какви избори на хулахопки ви се нудат. Постојат некои кои се подебели и потемни и кои може визуелно да ви ги намалат колковите, задникот и нозете, без разлика дали сте облечени во мини здолниште или мини фустан.