6 видови бивши кои секоја жена барем еднаш ќе ги сретне во својот живот
Никој не вели дека патот до вистинскиот е лесен. Токму затоа и повеќето жени мора да поминат низ низа погрешни со цел да сфатат точно што бараат од партнерот и љубовната врска. По текот на овој пат тие ги сретнуваат следниве видови бивши, барем еднаш во својот живот. Некои ќе останат засекогаш покрај нив, додека пак другите едвај ќе ги помнат…
1. Оној кој делува налудничаво
Тој долго време не можел да го прифати фактот дека вие веќе не сте заедно, па токму затоа и постојано ви праќал пораки, ве молел да се смирите, ви праќал цвеќиња на работа, доаѓал пред вашиот дом…
2. Оној кој не го помните
Секогаш постои барем еден бивш дечко кој едноставно сте го заборавиле. Вие сте се обиделе да бидете во врска, но меѓу вас немало никаква хемија и денес не се сеќавате ниту како се вика, ниту пак како изгледа. Можеби и подобро.
3. Оној со кој прво сте биле пријатели
Вие најпрво сте биле пријатели и одлично сте функционирале, но потоа се одлучиле да пробате дали може да има нешто повеќе меѓу вас. Но, колку подобро сте го запознавале, толку повеќе сте сфаќале дека сте направиле грешка. Можеби потоа сте се обиделе да останете пријатели, но веќе ни тоа не функционирало…
4. Оној по кој сте мислеле дека вечно ќе патите
Не велиме дека е лесно, но ниту една тага не трае вечно. Кога ќе погледнете наназад и ќе сфатите точно што се случило, ќе разберете и дека можеби вака е подобро за вас. Токму затоа и сега сте спремни за нови предизвици.
5. Оној кој му недостасува на вашето семејство
Тој бил душата на сите ваши фамилијарни забави и никому не му е јасно зошто сте раскинале. Секако, тие никогаш немале можност да ја видат неговата вистинска страна, која вие многу добро ја познавате.
6. Оној по кој сè уште патите
Иако одамна сте продолжиле понатаму, тој секогаш успева да најде начин повторно да биде присутен во вашиот живот. Можеби еден ден…