6 верувања кои ве ограничуваат и кои треба да ги промените денес

6 верувања кои ве ограничуваат и кои треба да ги промените денес

Кога сме мали, светот е еден интересен и шарен збир на можности и остварувања на желби. Постои Дедо Мраз кој ни носи подароци секоја година, суперхерои кои нè штитат од зло и самовили кои ни исполнуваат желби. Имаме соништа за тоа што сакаме да бидеме во иднина и толку сме уверени дека можеме да успееме што дури почнуваме да вежбаме за еден ден да станеме добри учителки, балерини или фудбалери. Но, во еден период сè се менува и како што стануваме дел од светот на возрасните бидуваме скептици, престануваме да веруваме во себе и да веруваме во магија. Тогаш почнуваме да се ограничуваме себеси со разни изговори и мисли, како: јас не сум за ова, никогаш не би успеал/а, премногу е тешко и сл.

Ова се дел од верувањата кои ве ограничуваат, а со тоа ве спречуваат да ги достигнете ѕвездите. Престанете да им се покорувате уште денес.

6 верувања кои ве ограничуваат и кои треба да ги промените денес

1. Не сум доволно паметен/на

Мудроста е збир од учење, вежбање, правење грешки и повторни обиди. Во денешно време кога секој е „гугл експерт“ сосем е логично да почувствувате несигурност во себе. Но и големите умови почувствувале несигурност. Никогаш нема да знаете сè бидејќи не постои човек кој знае сè. Но, ќе го надградувате вашиот талент и вашите животни искуства ќе ве прават побогати со знаење секој ден, правејќи ве неверојатно добри во нешто за што негувате страст и имате талент.

2. Многу сум неискусен/на

Тоа што сте млади и неискусни искористете го како предност. Вие имате елан и храброст да скокнете во непозната вода и да го дадете најдоброто од себе. Без разлика на тоа што немате искуство, секогаш имајте на ум дека трпението и напорната работа ќе ве одведат до целта и дека пред да станете богати со искуство мора да бидете почетници.

3. Премногу е доцна за мене

Голем дел од најпознатите писатели не започнале да пишуваат до 40-тата година од животот. Да, секој ден слушаме инспиративни приказни за млади луѓе кои постигнале многу, но никогаш не е доцна. Исто сме слушнале и за баба која ја совладала техниката на возењето или дедо кој скокнал банџи. Никогаш не е доцна за вашите соништа и животот секогаш дава нова прилика.

4. Не можам да бидам среќен/на додека…

Никогаш нема да бидете вистински среќни ако дозволите вашата среќа да зависи од нешто или некој. Вистина е дека среќата не е крајна дестинација туку пат, состојба на умот, начин на живот. Не дозволувајте некој да ја диктира вашата среќа. Дали има многу работи кои би можеле да бидат подобри? Да, секако, такво нешто има во сечиј живот. Но дали некогаш ќе ви биде сè совршено? Не. Научете да бидете среќни со она што го имате и да ги прифатите нештата какви што се. Ако не сте среќни денес нема да бидете и по два месеци кога ќе се случи она што долго го очекувате. Кога ќе дојде тоа време ќе најдете нешто друго што ќе го чекате и сè така во еден заморувачки круг.

5. Јас сум тоа што сум и не можам да се променам

Како луѓе сите ние се стремиме кон еволуција. Вие сте подобра верзија од себе од пред една година и многу различни од тоа што бевте пред десет години. Животните искуства не минуваат низ вас без да остават трага туку ве обликуваат како личности. Мислите дека тоа е преголем залак за вас и дека не би успеале? Размислете подобро. И самите не сте свесни за што сте способни и таа ваша страна ќе ја запознаете кога ќе дојде вистинското време. Вие сте она што сте сега, во овој момент. Но може да се прилагодите, надградите и со секој ден да станувате подобра верзија од себеси.

6. Презафатен/а сум

Презафатен/а сум за да почнам редовно да вежбам, да отворам свој бизнис, да започнам свој блог, да почнам да пишувам книга, да почнам да учам нов јазик, да имам деца… Оваа листа нема крај. Презафатеноста е секогаш главен изговор. Но, само помислете колку време минувате правејќи небитни нешта, работи кои ви го „јадат“ слободното време. Не, не сте презафатени, само не сте ги поставиле вашите соништа за приоритет.

Овие верувања кои ве ограничуваат може да ги промените веднаш. Светот е низа од можности и подгответе се да го истражите. Кога еднаш ќе ги надминете пречките кои ваквите верувања ви ги поставиле, ќе имате многу појасна слика за себе и за својот живот. Чуда се случуваат секој ден. Зошто би се ограничувале себеси?


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Слободното време го минува со голема шолја кафе и со добра книга во рака или пишувајќи го она што ѝ лежи на душата. Не може да поднесе неправда и негува емпатија кон луѓето. Како перфекционист опседнат да даде сè од себе, сонува да направи промена во светот околу неа. Креативна и желна за нови предизвици, со многу нови соништа секој ден, иако понекогаш плашлива од промена. По малку романтична со голема љубов кон англиските книжевни класици.

Поврзани содржини

Остави коментар