6 варијации на „љубовта“ кои можат да ве излажат дека сте вистински заљубени

6 варијации на „љубовта“ кои можат да ве излажат дека сте вистински заљубени

Секој човек на планетава Земја трага по својата сродна душа со која ќе доживее вистинска и вечна љубов. Секојдневно слушаме приказни кои сведочат дека вистинската љубов иако е тешко да се најде сепак постои, па се обидуваме и ние да примениме нешто од нив во нашиот живот како би си ги зголемиле шансите да го доживееме тоа бесценето чувство. Во текот на нашата потрага честопати се соочуваме со ситуации кога мислиме дека сме го пронашле она вистинското, но всушност се работи за фатаморгана, илузија која нè доведува до заблуда и нè турка во стапица од која тешко можеме да се ослободиме. Секоја нова врска почнуваме да ја дефинираме како „вистинска љубов“ иако тоа е далеку од вистината. Постојат различни видови љубов, но треба да научиме да ги разликуваме тие од онаа вистинската. Во спротивно, разочарувањето е неизбежно. Следуваат 6-те варијации на „љубовта“ кои нè наведуваат да помислиме дека навистина сме вљубени, иако тоа не е вистина.

6 варијации на љубовта кои можат да ве излажат дека се работи за вистинска љубов

1. Удобна љубов

Секако дека и вистинската љубов е пријатна и удобна. Но, удобната љубов не дава ништо друго освен удобност. Ваквиот вид љубов служи само за утеха кога се наоѓаме во потежок период од животот и ни треба присуство на друго човечко битие за да не се чувствуваме осамено. Тука нема ништо лошо, но проблемот настанува кога оваа љубов треба да се изнесе од удобноста на домот и да се однесе во некоја надворешна неудобна ситуација, како на пример свадбата на вашата најдобра пријателка. Веднаш ќе забележите дека оваа врска нема никаква основа за понатамошен развој. Во ред е да уживате во удобноста на оваа љубов, но не треба да ѝ придавате поголемо значење од тоа што навистина е.

2. Нова љубов

Сè уште го чувствувате горчливиот вкус од вашата последна врска и имате итна потреба да го замените со нешто ново. Супер. Треба да внесете промена во вашиот живот, но не се залетувајте за првата личност што ќе ви наиде на патот. Сигурно сега сте одбрале некој кој е целосна спротивност на она што обично ви се допаѓа. Пробајте, продолжете понатаму и најдете баланс помеѓу оваа и претходната личност.

3. Љубов од потреба

Доколку некогаш сте изгубиле некого кого сте сакале, знаете колку е важно да ги цените луѓето кои сè уште се присутни во вашиот живот. По ваков трауматичен настан нормално е да имате потреба од некој кој ќе биде тука за вас и кој ќе ви пружи поддршка и утеха во најтешките моменти. Но, оваа љубов може да стане проблематична доколку премногу зависите од другата личност. Кога и двајцата партнери имаат доживеано слична траума, многу лесно може да помислат дека се вљубени еден во друг бидејќи совршено се разбираат.

6 варијации на љубовта кои можат да ве излажат дека се работи за вистинска љубов

4. Љубов од досада

Ништо ви се нема случено веќе подолго време и многу ви е досадно. А љубовта е прилично возбудлива, дури и во нејзините најлоши моменти. Оваа љубов ќе ви помогне да излезете од рутина, но тоа нема да трае долго бидејќи наскоро повторно ќе ви стане здодевно и ќе тргнете во потрага по нешто ново.

5. Љубов од несигурност

Доколку целиот живот сте се бореле со некоја ваша несигурност и одеднаш се појавува некој кој ќе ве ослободи од товарот, ќе се чувствувате прекрасно. Покрај оваа личност ќе се чувствувате слободни да живеете без поголеми грижи. Ова може да биде многу позитивно за вас, но не ако претставува основа за целата врска. Ако сакате љубовта да трае, мора да има и други нешта кои ќе ве држат заедно.

6. Љубов базирана на секс

Љубовта на прв поглед речиси секогаш е всушност страст на прв поглед. Сексот е неверојатен и се чувствувате како да сте на седмо небо, но мора да се запрашате дали тука има нешто повеќе од само добар секс? Разговарате ли воопшто? Излегувате надвор или вашите состаноци се случуваат само помеѓу чаршавите? Немојте да се надевате премногу. Забавувајте се и уживајте додека трае, но немојте да мислите дека сте го нашле она што сте го барале. Вистинската љубов се заснова на духовната поврзаност помеѓу две битија, не само на физичката.

Можеби во моментов ви се чини како потрагата по вистинската љубов да е невозможна мисија. Грешката што ја правите е тоа што постојано трагате по неа и се опседнувате со тоа да ја најдете. Престанете да барате. Немојте да очекувате ништо и ќе се поштедите себеси од многу разочарувања. Оставете љубовта сама да ве најде. Верувајте дека ќе се појави во вистинскиот момент, а кога ќе се случи тоа воопшто нема да се сомневате и да се прашувате дали тоа е она вистинското. Внимателно слушајте го вашето срце: тоа знае сè и веднаш ќе ви каже сè што треба да знаете.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар