6 убави начини да насмеете некого денес
Дали ви е хоби да предизвикувате насмевки на лицата на вашите блиски? Тогаш вашите пријатели и роднини се среќни луѓе. Ова се 6 начини на кои би можеле да донесете насмевка на нечие лице денес.
1. Изненадете ги со убав гест
Може да ги изненадите со карти за концерт кој знаете дека би сакале да го посетат, да ѝ испратите цвеќе на вашата другарка или да го изненадите со лименки пиво вашиот другар. Бидете креативни и направете или подарете им нешто што го сакаат. Не мора да трошите куп пари, едноставно направете мал гест кој ќе ги насмее и израдува.
2. Делете комплименти
…кои искрено ги мислите. На пример, разубавете ѝ го денот на вашата колешка давајќи ѝ комплименти за новата фризура или парче облека. Секој има по некоја убава карактеристика, па спомнете ја за да дадете до знаење дека сте ја забележале. Некогаш луѓето забораваат колку се убави, вредни или одговорни. Секогаш е добро да зголемите нечија самодоверба.
3. Купете им ја книгата или гледајте го филмот за кои веќе долго време зборуваат
Дали некој од вашите другари ви има спомнато наслов на книга која би сакал да ја прочита или филм кој сака да го гледа, но нема време? Поканете ги кај вас дома и гледајте го филмот или подарете им ја книгата. Ќе бидат изненадени од вашата внимателност. Само еднаш ја спомнале книгата а вие им ја давате на подарок.
4. Бакнете ги изненадно, без причина
Не мора да има посебна причина за покажување на вашата љубов кон родителите или партнерот на пример. Искрениот бакнеж кој доаѓа без никаква најава или причина секогаш резултира со блага насмевка. Покажете им на луѓето кои ви значат дека ги сакате.
5. Играјте детски игри
Памтите кога бевте деца колку бевте слободни и безгрижни? Секому му треба потсетување одвреме-навреме дека детскиот дух никогаш не треба да го напушти. Ако имате деца посветете им макар еден час попладнево и играјте игри, од „Не лути се човече“ до Криенка. Истото може да го направите со децата на вашите пријатели (кои ќе ви бидат многу благодарни), или со децата на вашите соседи.
6. Кажете добра шега
Доколку знаете добра шега напишете ни ја во коментар и насмејте ги другите читатели. Или пуштете им смешно видео на вашите дома. Кликнете на некој од нашите постови од Медијатека и споделете смеа со најблиските.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.