6 трендови за есен 2014 кои не смеете да ги пропуштите оваа сезона

6 трендови за есен 2014 кои не смеете да ги пропуштите оваа сезона

Од плетенки до готска шминка, еве што диктираат модните писти оваа есен кога станува збор за надворешната убавина.

6 трендови за есен 2014 кои не смеете да ги пропуштите оваа сезона

1. Плетенки

Оваа есен познатите модни куќи на модните писти презентираа доволно фризури со плетенки што не можеме а да не се запрашаме дали плетенките се тренд за оваа сезона? Тука се и некои од познатите личности кои редовно се појавуваат со плетенки, без разлика дали станува збор за изглед на црвениот тепих или кежуал комбинација. Во секој случај, со плетенки може да си направите фризура за секоја пригода и да направите косата да ви биде средена без многу труд и време. Плетенките се секогаш добар избор па не ги изоставувајте оваа есен.

6 трендови за есен 2014 кои не смеете да ги пропуштите оваа сезона 6 трендови за есен 2014 кои не смеете да ги пропуштите оваа сезона

2. Шишки

Шишките се секогаш најдобар избор доколку сакате да направите промена во вашиот изглед. Шишките ви ги истакнуваат очите и јаболчниците и ви даваат заводлив изглед. Но, не зборуваме за какви било шишки, оваа есен одете смело. Речете му на вашиот фризер дека сакате шишки со заоблени краеви или драматичен пад на краевите или пак скратете ги пократко од вообичаено.

Оскар де ла Рента и Александар Венг дефинитивно покажаа смели изгледи на њујоршката недела на модата, кои може да ви послужат како инспирација.

6 трендови за есен 2014 кои не смеете да ги пропуштите оваа сезона 6 трендови за есен 2014 кои не смеете да ги пропуштите оваа сезона

3. Вампирски усни

Ова е еден од оние трендови кои се враќаат секоја година. Штом дојде оваа сезона усните стануваат сè потемни па темноцрвените нијанси се доста популарни наесен. Не заборавајте пред карминот внимателно да ги оцртате усните со молив. Кога станува збор за нијансите, од вино до темновиолетова, добредојдено е сè што е темно и мистично. За посебни пригоди изгледот надополнете го со парче впечатлив накит, комбинација која гарантира луксуз, додека темната нијанса на кармин со црн тренди капут е навистина моќна и женствена.

6 трендови за есен 2014 кои не смеете да ги пропуштите оваа сезона 6 трендови за есен 2014 кои не смеете да ги пропуштите оваа сезона

4. Готски нокти

Кога сме веќе кај храбриот изглед и „темната“ страна на есента, уште еден тренд кој се враќа секоја есен дефинитивно се готските нокти. Темно виолетови, вино боја, темно кафеави, мастило боја, се нијанси кои се добредојдени. Доколку не сте љубители на темните лакови одберете металик нијанса, кои исто така даваат софистициран изглед. Доколку сакате повпечатливи нокти, слободно одберете темна нијанса со светки.

6 трендови за есен 2014 кои не смеете да ги пропуштите оваа сезона

5. Металик шминка за очи

Смел и заводлив поглед директно од диско клубовите на деведесеттите. Доколку баравте начин да постигнете впечатлив и луд летен изглед наесен, еве ви можност. Нанесете сребрена металик сенка на внатрешниот агол на окото за да ги истакнете очите. Сите девојки со сини очи, златна или бакар нијанса е вистинската за вас. Не заборавајте дека вниманието го влечете кон очите, па нема потреба од тешки и впечатливи нијанси на кармин. За усните може да одберете т.н. „гол“ изглед.

6 трендови за есен 2014 кои не смеете да ги пропуштите оваа сезона 6 трендови за есен 2014 кои не смеете да ги пропуштите оваа сезона

6. Неутрална и природна шминка

Досега есенските трендови се прилично смели, но доколку впечатливите бои не се ваша добра страна нема потреба да се обидувате да бидете нешто што не сте. „Голата“ шминка е сосема прифатлива оваа есен. Всушност, неутралното никогаш не излегува од мода. Клучот за постигнување на овој изглед е употребата на што е можно понеутрална шминка за да се нагласат добрите црти на вашето лице. На пример, одберете крем пудра која нема да ви го „фасадира“ лицето, туку ќе му даде топлина на природен изглед, како и нежно розово руменило кое суптилно ќе го нанесете на јаболчниците правејќи потези со четката кон надвор. Сенките за очи нека бидат со природни и земјени тонови, што е можно понеутрални, а изгледот може да го завршите со сјај за усни во праска боја или нежен кармин во крем нијанса.

6 трендови за есен 2014 кои не смеете да ги пропуштите оваа сезона

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Слободното време го минува со голема шолја кафе и со добра книга во рака или пишувајќи го она што ѝ лежи на душата. Не може да поднесе неправда и негува емпатија кон луѓето. Како перфекционист опседнат да даде сè од себе, сонува да направи промена во светот околу неа. Креативна и желна за нови предизвици, со многу нови соништа секој ден, иако понекогаш плашлива од промена. По малку романтична со голема љубов кон англиските книжевни класици.

Поврзани содржини

Остави коментар