6 тренди начини да носите накит ова лето
Ова лето светот на аксесоарите конечно не ни нагласува да носиме чокери и ѓердани околу вратот, туку минималистички ланчиња што изгледаат нежно, софистициарано и модерно. Апсолутен хит се тенките златни ланчиња, односно поголем број од нив што лесно „паѓаат“ од вратот и дискретно „слетуваат“ над градите. Што повеќе – толку подобро е мотото кога станува збор за овој тренд. Но, за да ви дадеме подобра слика за тоа што го зборуваме, погледнете ги во продолжение најдобрите 6 начини да го носите накитот ова лето.
1. Разновидни комбинации
Играјте си со текстурите и усогласувањето на различни видови ланчиња, но погрижете се барем еден од нив да се издвои така што ќе остави забележителен впечаток со својот приврзок. Оваа комбинација е идеална со бела кошула.
2. Ланче со приврзок во форма на паричка
Изберете дискретно ланче со доминантни приврзоци во облик на парички коишто се многу популарни за време на оваа летна сезона.
3. Ланче од школки и златно ланче
Ако нè прашувате нас, ова е најдобриот тренд за ова лето. Вие можете да воведете малку морска атмосфера во секојдневниот живот и да се издвоите од сите околу вас.
4. Повеќе е повеќе
Слободно надминете ги границите и комбинирајте различни модели на ланчиња со разновидни приврзоци. Поиграјте си со бисерите, со апстрактните и скулптурираните приврзоци и дозволете ѝ на креативноста да ве обземе целосно.
5. Минимализам и едноставност
Тргнете ги приврзоците и носете ги само ланчињата. Овој тренд оди на буквално секоја модна комбинација, за секој вид настан.
6. Логоа од брендови
И ова лето доминираат луксузните брендови, па затоа и постојано ги гледаме околу вратовите на жените ширум целиот свет. Но, ако сакате малку да се издвоите, слободно комбинирајте ги со други видови ланчиња со приврзоци во апстрактни форми.