6 тешки, но неопходни вежби за развивање на љубовта кон себе
Сите ние сакаме да се подобриме, но разликата е во тоа колку ќе се осмелиме да направиме во тој процес. Дали ја одбивате работата што треба да ја направите? Дали активно се движите кон подобар живот? Дали едноставно сте прифатиле дека можеби нема подобро од ова? На крајот сè се сведува на вас. Имате многу повеќе моќ да го промените вашиот живот отколку што мислите. Ова започнува со работење на себе и развивање на љубовта кон себе. Погледнете како да го направите тоа.
1. Забележувајте ги нештата кои сте ги надраснале, но за кои сè уште се држите
Ова е многу повеќе од вашата облека, но можете да почнете со чистење на гардероберот. Запрашајте се што е она што не ви дозволува да созреете. Овде може да спаѓаат пријатели, врски, лоша навика, зависност… Откријте што е тоа и исчистете го гардероберот.
2. Слушнете како зборувате за луѓето околу вас
Дали звучите среќни и ги поддржувате, или звучите љубоморно и огорчено? Ова е директна рефлексија на вашите чувства кон себе и на вашата животна состојба. Одличен начин да излезете на вистинскиот пат е да зборувате позитивно за личноста којашто сте, личноста која сакате да станете и за луѓето околу вас.
3. Слушнете што и како зборуваат луѓето околу вас
Дали се потсмеваат на туѓиот успех? Дали постојано се жалат? Дали ве обесхрабруваат или ве поддржуваат? Ова може да биде тешка одлука, но е клучна за вашето ментално здравје. Ако некој ве кочи на кој било начин, најдобро е да се оддалечите од него.
4. Најдете една позитивна одлика кај секоја личност што некогаш сте ја сакале
Ова може да биде навистина тешка задача. Но, не само што ќе ве ослободи од гневот и вината, туку и ќе ви овозможи да се фокусирате на она што го сакате во сегашната или во следната врска. Доколку ви помага, наместо на одлика, можете да се фокусирате на сите нешта што сте ги научиле за себе од овие врски.
5. Направете разлика помеѓу она што навистина го сакате и она што „би требало“ да го сакате
Често се убедувате дека сакате нешто бидејќи другите го сакаат или сметате дека така треба. Ако навистина сакате нешто, нема да застанете додека не го добиете. Ќе се справите со сите тешкотии и пресврти и ќе вложите време и пари во тоа. Ова бара многу труд, па осигурете се дека сте искрени кон себе кога станува збор за вашите цели.
6. Откријте во кои делови од животот сакате подобрување
Престанете да се чувствувате лошо затоа што сакате финансиска сигурност. Сакањето повеќе пари не ве прави злобна или плитка личност. Престанете да се чувствувате лошо бидејќи сакате стабилна врска или сакате да бидете сингл. Тоа не значи дека сте личност тешка за сакање. Единственото нешто за коешто треба да се чувствувате лошо е запоставувањето и потиснувањето на вашите вистински желби поради некој друг.
Пробајте го и овој 30-дневен предизвик за поголема љубов кон себе.