6-те видови врски коишто се најцврсти и траат најдолго
Како да знаете дали вашата врска ќе трае? Како да знаете дали сегашниот партнер е вистинскиот? Многумина се внимателни, па дури и цинични кога станува збор за љубовта. Сепак, статистиките за врските се навистина мрачни. Сите започнуваме врски прашувајќи се дали ќе траат, односно се сомневаме дека ќе траат долго.
Но, љубовта може да трае навистина долго. Едно истражување од 2012-та година покажало дека 40% од паровите кои биле во брак над 10 години сè уште биле „лудо“ вљубени. Во истото истражување се покажало дека 40% од жените и 34% од мажите кои биле во брак над 30 години уште биле вљубени во партнерот. Секоја врска е ризик, но постојат знаци кои покажуваат дека таа е хармонична и дека ќе трае долго.
1. Врски засновани на простување
Како се справувате со конфликтите во врската? Недоразбирањата не се проблемот, туку начинот на којшто се справувате со нив. Кога одбирате партнер, одбирате и сет проблеми. Не постои партнер со кој нема да се расправате. Всушност, расправиите се добри. Истражувањата покажале дека паровите кои не се расправале имале нездрава врска.
Во стабилниот, здрав брак конфликтите не се знак за пропаст, туку тие се здрави и природни. Успешните парови го насочуваат вниманието на решавање на проблемот наместо на обвинување на другиот. Кога ќе најдат решение, си простуваат и забораваат. Вистинско мерило за стабилноста на врската е колку време ви е потребно да се смирите по расправија.
Што да правите ако не можете да се справите со конфликтите?
Дали останувате гневни по расправијата? Дали долго го помните проблемот? Дали ги игнорирате важните проблеми? Дали се затворате кога партнерот ќе направи грешка? Важно е да постои емоционална поврзаност помеѓу вас и партнерот, како и желба да ја вратите сигурноста во врската. Многу често треба да одберете помеѓу тоа да бидете во право и да бидете среќни. Не е важно за што се расправате, туку како се расправате.
2. Врски засновани на авантура
Здодевноста може да биде голема пречка во врската. По некој период во брак, на паровите им е навистина лесно да влезат во циклус кој е предвидлив, неинтересен и здодевен. Помеѓу кариерата, децата и сите обврски, може да биде вистински предизвик да останете поврзани со партнерот. Истражувањата покажале дека паровите кои чувствуваат најинтензивна љубов редовно се впуштаат во нови и предизвикувачи активности.
Што да правите ако врската станува здодевна?
Новите искуства го активираат системот за награда во мозокот. Новостите го преплавуваат мозокот со допамин и норепинефрин, хормони што се лачат на почетокот на романтичната врска.
3. Врски изградени на основа на интимност
Паровите кои не се задоволни од нивниот сексуален живот ќе се оддалечат и најверојатно ќе се разделат. Сексот е клучен за развивање здрава и стабилна врска. Покрај тоа, колку повеќе секс имате, толку повеќе го посакувате. Важи и спротивното – колку помалку секс имате, толку помалку го сакате и не се чувствувате поврзано со партнерот. Во текот на сексот се лачи окситоцин, односно „хормон за поврзување“. Во просек, среќните парови имаат секс 74 пати годишно.
Што ако немате доволно секс во врската?
Ако сте загрижени дека немате доволно секс, ќе се израдувате кога ќе дознаете дека интимноста не е поврзана само со него. Окситоцинот се лачи и додека се допирате, се држите за раце, се прегрнувате и се гледате во очи.
4. Врски засновани на доверба
Довербата е најважното нешто кај долгите врски. Дали можете да се потпрете на партнерот и да му верувате? Дали важи и обратното? Дали криете нешто? Дали имате онлајн врска без знаење на партнерот? Дали ги криете вашите вистински чувства од него? Паровите во стабилни врски не чуваат тајни едни од други.
Што ако имате тајни во врската?
Немојте да бидете параноични. Не се фокусирајте на малите нешта кога партнерот не бил целосно искрен. Наместо тоа фокусирајте се на важните работи. Можеби ве лажe за неговото образование, или пак ви рекол дека сака деца, но подоцна инсистира да не станете родители.
5. Врски изградени околу заедничка иднина
За долготрајна и здрава врска, колку послични сте толку подобро. Истражувањата покажале дека паровите кои биле во брак околу 43 години, во просек имале исти вредности, интереси и погледи кон животот. Друго истражување покажало дека посреќните парови имаат сличен карактер. Можеби во филмовите спротивностите се привлекуваат, но во брак приказната е друга. Доказите укажуваат дека можеби различниот партнер ќе ве стимулира, но само ако врската е краткотрајна.
Што ако не сте сигурни за целите во врската?
Заедничките цели ќе ви овозможат заедно да се движите кон нив и да работите во хармонија. Кои се вашите цели како пар? Дали сакате семејство? Дали сакате ваша куќа? Колку деца сакате? Овие заеднички цели ќе ја зајакнат вашата врска.
6. Врски засновани на заедничка ранливост
Зошто за многу луѓе вљубувањето е страшно? Зошто луѓето се плашат од посветеност? Причината е стравот од ранливост. Вистината е дека многу луѓе сакаат врски, но им е страв дека ќе бидат повредени. Истражувањата покажале дека на луѓето им е страв од ранливоста поради стравот од одбивање. Постои страв дека некој ќе открие дека не сте совршени, интелигентни или силни колку што изгледате. За жал не можете да изградите стабилна врска без ранливост. Ранливоста е тајната за силната поврзаност. Стравот од ранливоста нема да ви дозволи целосно да се вклучите во врската.
Како да знаете дали вие и партнерот можете да ја прифатите ранливоста во врската?
Можете да откриете дали ви е страв да бидете ранливи со следниве прашања:
- Дали ви е страв да покажете делови од вашиот карактер кои сметате дека партнерот нема да ги прифати?
- Дали држењето настрана од партнерот прави да се чувствувате безбедно?
- Дали ви е срам да ги покажете вашите вистински чувства и да разговарате за тешки теми?
- Дали сте одбирале партнери кои не се добри за вас обидувајќи се да се оддалечите?
Ранливоста често се гледа како знак на слабост, но всушност покажува сила. Потребна е огромна сила и самодоверба за да бидете ранливи. Вистинскиот партнер ќе ве почитува и ќе ви дозволи да бидете ранливи.
Трајната врска е она што ќе го направите вие
На крај, посветете ѝ се на вашата врска. Најголемиот убиец на романтичните врски е споредувањето. Другите парови секогаш изгледаат поубаво и посреќно. Среќните парови не гледаат што се случува на другата страна. Тие се задоволни од она што веќе го имаат. Вложете време и труд и вашата врска ќе биде она што го сакате.
Што мислите вие, зошто денешните љубовни врски се толку нестабилни?