6-те најпопуларни бои за коса ширум светот
Секоја нова сезона носи и нови трендови. Без разлика дали сте размислувале да ја промените бојата на вашата коса или само ве интересира што е популарно, во продолжение можете да погледнете неколку трендови кои се одлични за зимската сезона.
1. Жив корал
Оваа нијанса е боја на годината и е навистина топла и привлечна. Бојата е слична и на златно црвенкастата нијанса која отсекогаш била многу популарна, и во лето и во зима. Оваа нијанса е одлична за секоја боја на кожа и навистина привлекува внимание.
2. Темно чоколадо
Која било боја во која се наоѓа зборот „чоколадо“ е одлична за зимскиот период. Исто така оваа нијанса е одлична за жените кои сакаат темна коса, но не црна. На оваа боја можете да направите и суптилни прамени за побогат изглед.
3. Цимет црвена
Бојата која изгледа фантастично во текот на целата година, особено во зимскиот период, е цимет или бакарно црвена. Ова е длабока, топла и навистина привлечна боја. Одлична е за бринетите кои сакаат да ја освежат нивната коса.
Продолжува на следната страница…