6-те најголеми грешки што ги правиме при давање отказ
Давањето отказ е сложен процес сам по себе кој не завршува во моментот откако ќе доставите известување за оставка. За вас ги издвоивме најголемите и најчестите грешки при давање отказ според експертите за човечки ресурси.
1. Рушење на мостовите кои би можеле да ве поврзат со подобро работно место во иднина
Иако со текот на годините, колегите можат да заборават на што точно сте работеле заедно, никогаш нема да заборават каков впечаток сте им оставиле. Важно е да оставите добар впечаток при напуштање на работното место. Замислете, можеби некој од истите колеги во иднина ќе биде одговорен токму за вашето резиме и одлуката дали да ве вработат или не.
2. Ја споделувате со другите веста за вашето заминување, а сè уште не сте сигурни дали ќе добиете ново работно место
Пред да си дадете отказ осигурете се дека ви е загарантирано новото работно место. Бидете внимателни на кои луѓе ќе им ги доверите вашите планови, без разлика на фактот дека сте во одлични односи со нив.
3. Прерано известување
Правилото е да го известите работодавачот две недели до еден месец пред заминување, но и не е задолжително во сите случаи. На пример, за време на пандемијата, за некои вработени отказниот рок траел и помалку време. Според некои експерти, освен ако не сте менаџер или извршен директор и постои вистинска деловна причина да имате подолг отказен рок, еден месец е сосема доволен.
4. Работите премногу откако сте дале изјава за отказ
За време на вашите последни денови на старото работно место сакате да си ги завршите во целост своите работни обврски и за колегите да не ве паметат како некој кој не ги извршил своите должности докрај. Во исто време, не сакате да работите прекувремено за работа што набргу ќе ја напуштите. Голема грешка е да се преоптоварувате себеси во последните денови и експертите ви препорачуваат да бидете искрени со вашиот шеф во однос на тоа што можете да сработите во преостанатото време.
5. Не си оставате доволен простор помеѓу работните места
До моментот кога ќе си дадете отказ од работата што очајно сакате да ја напуштите, веројатно е дека ќе имате многу непроспиени ноќи и ќе бидете постојано под стрес. Доколку веднаш се префрлите на друго работно место нема да имате време за одмор. Експертите ви препорачуваат пауза од барем една недела додека одново да ги наполните батериите.
6. Не сте подготвени за денот кога ќе доставите известување за вашиот отказ
Само затоа што сте дале известување за отказ, не значи и дека ќе го добиете веднаш. Понекогаш пак, се случува денот со известувањето за отказ да биде и последниот работен ден на вработениот со што се остава впечаток дека тој е всушност отпуштен. Во некои случаи, вработените наишле на одмазда од страна на менаџерите кои преостанатите работни денови им ги претвориле во пекол. Доколку истото се случи и со вас, единствена утеха би ви било сознанието дека нема вечно да е така.
Откако прочитавте за најчестите и најголемите грешки при давање отказ, можеби сакате да прочитате и зошто вработените даваат отказ поради лошите шефови, а не поради работата.
Извор: huffpost.com