6-те најдобри трикови за коса кои ги научивме во 2015

6-те најдобри трикови за коса кои ги научивме во 2015

Пред да започне 2015-тата година, мислевме дека го знаеме секој трик за коса кој постои. Но, на крајот заклучивме дека секогаш ќе има нови и брилијантни начини да го зголемиме волуменот на косата, да ја подобриме нејзината состојба и да ги поедноставиме стиловите. Па, без многу да должиме, еве ги 6-те трикови за коса кои најмногу ни помогнаа во текот на оваа година. И овие празници наздравуваме за пронаоѓањето на уште почудни и поефикасни начини кои ќе ги подобрат нашите коси во 2016-тата!

1. Врзување на косата во пешкир за совршени локни

6-те најдобри трикови за коса кои ги научивме во 2015

Не е некоја нова техника, но врзувањето на косата во пешкир, оваа година, беше многу популарен начин за создавање локни без топлина. Треба само да ја соберете косата во пешкир и да го врзете цврсто на вашата глава, оставајќи ја косата така да се исуши. Резултатите се толку импресивни, што насекаде има видео туторијали кои ни покажуваат како се прави овој трик. Некои од нив траат само неколку секунди, бидејќи трикот е навистина толку многу едноставен.

2. Понежен начин за чешлање на косата наназад

Добивме многу совети од стилистите за коса во текот на целата година, но оној кој ни остави најголем впечаток e советот на Ерол Даглас. Тој ни ги објасни предностите кои доаѓаат со овој метод (волумен), наспроти неговите слабости (оштетување на косата), но исто така сподели со нас и лесно решение кое нема да ги уништи врвовите на влакното. Даглас го нарече овој нов начин „чешлање со прсти“, кое од вас бара да ги користите прстите на ист начин како што би ги користеле четките и чешелите за коса, движејќи се од коренот, па надолу. Најдобриот дел од целиот процес е тоа што ова можеме да го правиме секаде.

3. Бушавите прамени на Кендал Џенер

6-те најдобри трикови за коса кои ги научивме во 2015

Кендал Џенер има природно права коса, но на својот веб-сајт сподели испробан и функционален начин за правење лесни и бушави прамени кој го научила додека се подготвувала за бројните модни настани. За нејзиниот трик, Кендал ја собира косата (малку мокра) во ниска пунџа која ја остава да отстои 10 минути, додека во меѓувреме ги масира скалпот и пунџата со пена или гел за виткање на косата и потоа ја пушта, добивајќи лесно извиткани холивудски прамени.

4. Осветлување на косата на маса

6-те најдобри трикови за коса кои ги научивме во 2015

Стилистите велат дека овој начин за осветлување на косата ја создава најдобрата мултидимензионална боја. Официјалниот термин е „fluid hair painting“ (течно боење на коса), кое се состои од поставување на вашите прамени на рамна површина, по што следува нанесување боја по ваш избор и разнесување низ прамените со помош на прстите. Резултатот? Најдобро осветлени прамени и коси обоени како виножита.

5. Давање форма на косата со Кока-кола

Овој трик го научивме благодарение на Суки Вотерхаус. Манекенката откри дека за да ѝ даде форма и волумен на својата коса, таа ја мие со Кока-кола.

„Понекогаш ја мијам мојата коса со Кока-кола. Не ми се допаѓа како таа изгледа кога е миена со шампон при што станува мека и досадна, но овој пијалак ја прави разбушавена, како да сум поминала низ Амазон“, вели Суки.

Амазон, фрижидер… Исто е, се согласувате?

6. Користење пегла за облека за хидратација на косата

6-те најдобри трикови за коса кои ги научивме во 2015

Кога Лупита Нионго го пофали својот фризер, Вернон Франсоа на Инстаграм, таа ни покажа и еден интересен трик за инстантна хидратација на косата со пегла. Актерката го заборавила своето шише со вода за прскање додека била на сафари, па нејзиниот фризер ѝ помогнал со пегла за облека – што не е толку страшно колку што звучи. Тој воопшто не ја ставил загреаната пегла на нејзината коса, дури не ни ја вклучил, туку само ја искористил за да напрска малку вода. Лупита на своето видео напиша #dontturniton (не ја вклучувајте) за да ги предупреди оние кои би сакале да го пробаат овој трик.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Новинар. Самопрогласен актер. Џедај. Животна форма еволуирана да живее од филмови, видеоигри, музика, хумор и технологија. Хоби и рекреација: Појадок, ручек, вечера.

Поврзани содржини

Остави коментар